Танцот во светот е мошне почитуван, и ако музиката е храна за душата тогаш танцот е храна и за телото и за душата. Светските почитувачи и вљубеници на играта посветиле и ден на танцот, кој кај нас помина незабележано. Во Охрид на танцот најмногу му се радуваат најмладите велат раководителите на фолклорните и танцовите друштва. Преку 1000 млади луѓе членуваат во голем број фолклорни друштва, во школата за модерни танци и балетската група, но не и повозрасните вели Коле Петкуќески раководител на танцов клуб „Охрид“. Методија Баркоски Менде раководител на фолклорното друштво „Ѓердан“ ка…
На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек.Туристичките агенции во Македонија во последно време се повеќе организираат тури во странство, а се помалку носат гости кај нас. Наместо во земјава да се влеваат странски средства, нашите завршуваат кај соседите или во некоја подалечна дестинација. Се помалку агенции се занимаваат со „incoming“ туризам. Туристичките работници велат де…
Сопствениците на кафаните и кафулињата ако сакаат да пуштаат музика во нивните локали ќе треба да плаќаат такса од 50 до 100 евра. Оваа рамка за висината на комуналната такса е утврдена според Законот за комунална такса. И Охридските кафулиња годинава нема да бидат поштедени од тоа.Охриѓани годинава ќе мора да ја платат комуналната такса за музика. Во Локалната самоуправа во Охрид се подготвува цената за новата давачка на кафанџиите. Иако сеуште нема одделение за комунални такси тоа не е пречка годинава да се воведе оваа давачка. Петрески изјави дека сосема ја разбира моменталната криза со …
Охрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие. На утрешната седница на Советот на општината, членовите на советот треба да расправаат и одлучат по предлог одлуката за основање ова претпријатие кое едноставно ќе биде насловено како „Нискоградба“.Уште едно јавно претпријатие наскоро ќе почне да функционира во Охрид. Покрај, „Комуналец, „Проаква“ и „Биљанини извори“, нивно најново братче треба да биде ЈКП „Нискоградба“. На утрешната 17-та седница, членовите на советот од општината треба да расправаат и одлучат за предлог одлуката за основање на ова претпријатие. Портпароло…
Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на охриѓани им беше претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење. Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. За ова негово прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто развој може да предизвика најголем долготраен ефект во однос на велосипедизмот на национално ниво, а тоа е темата „Градски велосипедизам“.Стотина велосипедисти, професионалци и рекреативци, зедоа учество на овој фестивал. Холандската амбасадорка, Симеоне Ф…
„Место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома“. Вака го нарече Холандскиот парк во Охрид, Холандската амбасадорка во Македонија Симеоне Филипини. Станува збор за потврда на повеќедецениската врска на Охрид со холандските гости.Со низа свечености денес заврши првата фаза од реализацијата на проектот, Холандскиот парк во Охрид. Симеоне Филипини, холандската амбасадорка во Македонија потенцира дека ова не е нов почеток на пријателските односи меѓу овие две земји, бидејќи односите се на завидно ниво. Ова е обид за промоција на Охрид и Македонија во Холандија, поради прекрасните мо…
Уништување на езерската трска која е природно мрестилиште на Охридскиот крап.Стебла стари неколку децении сосечени до земја. Се тоа во интерес на урбанизацијата на просторот.Што следно ќе биде жртва на урбанизацијата? Продолжува систематското уништување на флората и фауната од Охридското крајбрежје. Комуналната инвазија која прети да уништи се она што некогаш беше заштитен знак на градов, сега е насочена кон делот од крајбрежјето до хотелот Парк. На овој потег, исечени се до земја неколку повеќегодишни стебла. Станува збор за стебла стари и по неколку децении. Неколку стотина метри во праве…
Колку потрошувачите ги знаат своите права загарантирани со закон? Колку се информирани за нив? Знаат ли каде да се обратат доколку нивните потрошувачки права се загрозени? Од Организацијата на потрошувачи на Македонија интензивно работат на поширока измена на законот, додека од Државниот пазарен инспекторат, се трудат тој да биде подобро имплементиран.Македонските граѓани многу малку се запознаени со своите права како потрошувачи. Најголемиот дел од нив знаат дека може да се обратат само до оние од кои ја купуле робата. Малкумина од нив знаат и дека воопшто постои закон со кој тие права им …