Во Охрид на летување пристигна првата група од педесетина полски туристи. Тие една недела ќе претстојуваат во Студентски Дом „Никола Карев“ и при доаѓањето ги запазиле сите безбедносни протоколи, вели туристичкиот водич Мачеј Чох. Полските туристи, втора година по ред доаѓаат во Охрид, се одушевени од откритието, за нив новата туристичка дестинација, која ги привлекува полските гости. Чох вели не ги плаши пандемијата од Ковид 19, се придржуваат до протоколите за заштита и не се откажуваат од посетата на прекрасното туристичко место какво што е Охрид.
„Погледнете ја оваа глетка. Ние сак…
Според официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија во новиот парламентарен состав Охрид и охриѓани ќе бидат застапувани од четворица пратеници. Во 5ИЕ коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ обезбеди 8 пратенички мандати , исто толку пратеници ќе има СДСМ со Колаициајта Можеме, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 1 пратеник. На листите на двете најголеми политички партии во оваа изборна единица по двајца кандидати се од Охрид. Во новиот парламент наскоро ќе им бидат верификувани мандатите на Лидија Петкоска и Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и Жаклина Лазар…
На ЈП СРЦ Билјанини извори доделени се две катастарски парцели од поранешна касарна за изградба на спортски објекти. Покрај постоечкото фудбалско и игралиште наскоро ќе почне да се гради нов кошаркарски терен, информира Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.
„Тоа ќе е современо игралиште со гумени подлог, со семафор за броење на времето и поени. На него ќе се органзираат и спортски турнири, а на друга поголема парцела под име спортски содржини засега нема конкретна идеја што ќе се направи“.
Од ЈП СРЦ Билајнини извори , наскоро ќе прават анкета со граѓаните од тој дел н…
Пазарни инспектори заедно со МВР во контрола на спроведувањето на безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот и на плажите. Ќе ги контролираат оние плажи кои се организирани, односно каде што има правно лице кое раководи и кое може да биде санкционирано доколку не ги почитува правилата. Полицијата ќе прави контрола дали физичките лица ги почитуваат мерките за заштита од вирусот. Со оглед дека на охридското крајбрежје нема концесионери на плажите и се користат како слободни градски плажи , безбедноста е оставена на совеста на посетителите. Делумно се почитуваат протоколите на охри…
Засукајте ги ракавите и исфрлете го непотребниот стаклен отпад од домовите, подрумите или гаражите , повикуваат од „Пакомак“овластена компанија за собирање стакло. Тие почнаа акција за собирање стаклена амбалажа директно од домовите на граѓаните. Игор Маколоски, од компанијата очекува соработка со граѓаните, а идејата е да заживее и овој начин на собирање и рециклирање на стаклена амбалажа кој се овозможува за прв пат. „Имаме поставено низ 35 градови ѕвона, контејнери од каде секојдневно се собира стакло кое го одлагаат граѓаните. Вториот канал е собирање на стаклена амбалажа од угостителск…
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при Црвен Крст Охрид, утре (03.11.2021 -среда) во 11 часот во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.
Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и…
Земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуваат големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Ова беше тема на онлајн работилницата што ја организираше Организацијата за храна и земјоделство при ООН, ФАО, а на која присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. При презентацијата на новиот проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделствот…
Стартува кампањата „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка ги промовираа 10-те видео записи за поддршка на домашниот туризам.
„Кои што ја одсликуваат нашата земја. Односно во нив прикажуваме повеќе од 65 атрактивни кои може да се посетат во 2020 година. Се надеваме со овие видеа како дел од кампањата Дома си е дома да помогнеме да се оствари нашата цел да имаме повеќе од 2 милиони ноќевања во 2020 …