Охридските дуќанџии имаат бројни проблеми. Многумина од нив не сакаа да коментираат пред нашата камера за лошата состојба со која се соочува овој еснаф. Неколку од нив се затворени и се издаваат под кирија. Дали економската криза веќе го зема данокот или постојат други околности со точност не може да се каже, бидејќи во Охрид нема еснаф на дуќанџии. И охриѓани се повеќе свесни за ваквата состојба. Велат дека одамна не се сеќаваат на ваква криза во трговскиот еснаф, бидејќи според нив трговијата е гранка која тешко умира.Охридските дуќанџии секојдневно гледаат како соседите ставаат клуч на с…
Ќе бидат ли дрворедите по кои се познати неколку улици во центарот на Охрид, жртва на растечките сообраќајни потреби? Од Локалната уверуваат дека со овој зафат, воопшто нема да се намали зеленилото во централното градско јадро.Дрва стари повеќе од 40 години ќе ги снема. Ракводителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески вели дека покрај се поголемата потреба од паркинг простор во центарот на Охрид, причина за замената на дрвјата на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“ и Бул. „Македонски просветители“ е и оштетувањето кое тие го предизвикуваат на патната инфраструктура.На ов…
Експерти од целиот свет за хидрологија и клима на Меѓународната конференција во Охрид ќе се обидат да ги направат логични, нелогичностите кои последниве неколку години се јавија во хидрологијата.Прашањето за водата, во годините кои доаѓаат станува филозофско прашање, велат експертите кои работат на проблематиката со мониторингот и експлоатацијата на водите. Над 400 еминентни научници кои се занимаваат со изучувањето на хидрологијата, метеорологијата и влијанието на климата врз различните сектори на водите, ќе се обидат да дадат одговор на прашања со кои се среќаваат последниве години. Клима…
Во Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“. Јонче Петрески, претседател на ова здружение ја истакнаа нивната заложба да не се заборави значењето на Тито во создавањето на македонската држава.Претседателот на Здружението,Јонче Петрески со жалење нагласува дека во моментов одредени личности имаат негаторски однос кон овој период од нашата историја и Тито. Покрај негаторскиот однос има и постојани кршења на…
Поклонение пред бистата на браќата Кирил и Методиj. Во чест на празникот Св.Кирил и Методиј, локалната самоуправа продолжувајќи ја традицијата и годинава организраше пригодна свеченост пред спомен одбележјето на Кирил и Методиј, но и на градскиот плоштад. Утрово покрај делегацијата на локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Александар Петрески, букети цвеќе положија и советниците, претставници од ОО на СДСМ, ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегации од основните и средните училишта, како и делегации од други институции. На свеченоста присуствуваше и бугарскиот конзул во Р Македонија, Наум Ка…
Високо во планината Галичица, во селото Шипокно на седум километри од Охрид во трошна, скромна куќичка живее глувонемиот Ристе Јованоски. Животната судбина си поиграла со овој четириесетгодишен маж, кој живее сам во тешки животни услови. Во селото нема вода, па Јованоски минува и по два километри да наполни вода до најблискиот извор. По планинскиот, неасфалтиран пат што води до Шипокно нема автобуски или такси превоз, па Јованоски секојдневно и по сонце и по снег доаѓа пеш до своето работно место во Охрид. Покрај хендикепот со говорот и слухот има проблеми и со тромбоза на ногата.Шипо…
Од Завод и музеј не се сложуваат со плановите на локалната самоуправа, за изградба на пешачка патека од Грашница до Канео. Тие деновиве ги стопираа градежните активности, со обарзложение дека се нарушува автентичноста на просторот. Градоначалникот Александар Петрески оваа одлука на одговорните ја толкува како политичка. „ Не држи мислењето на Завод и музеј дека поради патека која се гради од песок и камен ќе има забелешки Унеско. Унеско може да има забелешки за преку 300 – 400 дрва исечени на Плаошник и за тоа што се правеше во Градиште на неколку метри од езеро“, истакна градоначалникотАле…
За време на продолжените викенди вообичаено, Охрид го посетуваат т.н. викендаши кои имаат свои станови. Голем дел од нив не сe жители на нашата земја туку се од надвор, како што е тоа Р.Србија. Годинава дел од нив по се изгледа малку ги збуни тоа што за прв пат се соочуваат со проблемот на исклучена електрична енергија. Не сакаа да коментираат пред нашата камера и се пожалаа дека иако уредно ги платиле сметките по се изгледа затајуваат дежурните служби на ЕВН кои од вчера па се до овој момент сеуште не се појавиле да ја извршат својата законска обврска и да ја приклучат струјата. Станува з…