Дружење, забава, спорт, хуманост. Вака денеска протече 4 тата по ред спортско рекреативна акција „За посреќно детство“, кое традиционално го организира Црвениот крст. „Целата на акцијата ни беше да го потикнеме спортскиот дух кај најмладите и да го развиеме чувството на хуманост„, истакна претседателот на ОО на Црвен Крст, Сашо Точко.Парите кои ќе се соберат заедно до обезбедените донации ќе бидат искористени за набавка на креветчиња за детското одделение при општата болница во Охрид.Инаку денеска се одржа и 39 општински натпревар по прва помош, на кој учествуваат 17 екипи од основните и с…
Законот за гробишта и погребални услуги отвори медиумска војна помеѓу ЈП „Охридски Комуналец“ и фирмата „Мирен Сон“ од Охрид. На вчерашниот прес одржан од страна на операторот на погребални услуги Дениз Шибакоски беа изнесени решенијата за забрана за вршење на погребални услуги на ЈП „Охридски Комуналец“ кои од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му биле врачени на ова јавно претпријатие. Констатирани причини, заради кои се издава решението за забрана на вршење погребални услуги се : Прво – Фирмата ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола за вршење на погребални услуги…
Охридската бродска флота нема да може да се укотвува во Заливот на коските. Ова е ставот на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по однос на прашањето дали бродовите кои превезуваат туристи ќе имаат пристап од езерската шир кон брегот каде што е сместен Музејот. Овој туристички локалитет ќе добие пристаниште, но за пристап само на јахти. Станува збор за значјно културно наследство ко ене смее да биде нарушено. Пристап од езерскиот сообраќај ќе има само во рамките на она што го дозволува Законот дециден е Кузман. Инаку, во овој музејски комплекс се …
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“, во која ќе бидат опфатени повеќе активности .Целта на организирањето на оваа недела на животната средина е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштитата на животната средина.Во рамките на овој проект Општина Охрид на 1-ви и 2-ри Јуни, од 10 до 13 часот, на локацијата помеѓу Трговскиот Центар „Амам“ и Комплексот „Летница“, ќе подели 5…
Адвокатските здруженија на Марибор и Охрид денес потпишаа акт на збратимување. Гостите од Словенија срдечно беа дочекани од домаќините со прием во претседателската соба на првиот човек на Охридскиот Суд, Владо Дејаноски. Претседателот на охридското адвокатско здружение Љупчо Наумоски ја потенцира потребата од ваквиот чекор.„Има што да се научи од нас“ рече словенскиот претседател на адвокатското здружение од Марибор Матијаш Кирбиш. Тој верува дека Македонија за брзо време ќе го прилагоди законодавството за влез во Европа црпејќи веќе применети искуства.Иницијативата е на Петар Матјаноски ко…
ЈП „Охридски Комуналец“ управува на диво со гробиштата. Вака денес обвини Денис Шибаковски, операторот на погребални услуги „Мирен Сон“. Шибаковски потенцира дека согласно Законот за гробишта и погребални услуги кој на сила стапи 2008 година, неговото претпријатие е единствено во Охрид и околината кое е лиценцирано да врши опремување со погребална опрема, превоз на починато лице, право на чување во ладилник и капела и погреб на починато лице. Даниела Кузмановска, задолжена за односи со јавност на ова претпријатие, рече дека еднаш засекогаш мора да се воведе ред во оваа дејност, да се сузбие…
Секоја година за отвoрање на Фестивалот „Охридско лето“ аплицираат врвни светски уметнички имиња. Оваа година, за јубилејното 50-то издание во потесниот круг влегоа 5 проекти, од кои 3 влегоа во потесниот круг. Како што ТВМ дознава, двајца врвни уметници ја водат завршната битка. Дали на 12-ти јули ќе го гледаме нашиот светски познат и признат Симон Трпчески во придружба на филхармонија од светска класа или Роландо Вилазон, еден од водечките тенори на светската музичка сцена, придружуван од домашен оркестар. Иако во јавноста проструи дека Трпчески ќе ја има честа да го отвори 50-тото Охри…
Предлог одлука за измени и дополнувања на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, помина кај советниците. „Ова решение е составено од сите позитивни досегашни искуства“, истакна градоначалникот Александар Петрески. „Убеден сум дека одлуката за нов режим на сообраќај, претставува голем чекор напред во однос на безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници“, истакна советникот и експерт од областа на сообраќајот и транспортот, Томислав Тунтев. Тој додава дека оваа одлука беше неопходна, се додека не се изработи сообраќајната студија за Охрид. Со новото сообраќа…