Вчера Министерството за образованиe и наука спроведе пробно екстерно тестирање во 27 училишта од земјава. Основната цел на тестирањето било да се проверат процедурите за неговата реализација. Во примерокот биле опфатени ученици од прва година гимназиско образование од една паралелка (во училиштата во кои наставата се изведува на повеќе јазици било опфатена по една паралелка од секој наставен јазик). Вкупно тестирани биле 1056 ученици, од кои 716 на македонски наставен јазик, 198 на албански наставен јазик и 142 на турски наставен јазик.Постигнатите резултатите од пробното екстерно тестирање…
Како што животот не е бајка така и ABR не е магија, но сепак нуди реално решение за состојби кои на некои луѓе животот им го прават вистински кошмар, вели Весна Гашоска Габелоска, мајка на дете заболено од церебрална парализа. Инаку ABR е единтсвена програма за рехабилитација за деца и млади со церебрална парализа и други состојби кои настанале заради повреда на мозок, а се заснова на врз биомеханичка основа. Станува збор за метод различен од останатите, метод кој делува на клеточно ниво, вели Гашоска –Габелеска.Инаку Гашоска –Габелеска потенцира дека овој метод е поприфатлив за пациентите….
Нивото на езерото сеуште над дозволениот максимум. Овој пат штета од поголемата количина вода имаат концесионерите на плажите, затоа што надојдената вода им покри половина од песочниот простор наменет за поставување на лежалки. „ Четврта година по ред како крајбрежјето е уредено, а годинава изгледа како сега да почнуваме со активности. Се е разрушено, а причина за тоа е преголемата количина на вода“, вели концесионерот на плажата Акапулко Љупчо Нечковски. „Кога имаше најмногу врнежи од дожд, во најтешките денови, езерото се намалуваше, бидејки се регулираше Дримот. Сега најверојатно таа рег…
Претседателот на советот, Душко Јаковчески и градоначалникот Александар Петрески децидно ги отфрлаат шпекулациите со имиња на советници, кои наводно се пазареле во градскиот совет при изгласувањето на фамозните 40 урбанистички планови. Таткото на градот Петрески на денешната прес конференција ги негираше и обвинувањата упатени од страна на ВМРО ДПМНЕ дека на Охрид му се случува урбанистички масакр. „Масакр има во државата и го прави еден човек Никола Груевски, помогнат од општинските раководители на партиите како што е Михаилов истакна Петрески. Додаде дека масакр има каде што држава…
Министерот без ресор при владата на Р Македонија, Хади Незир, денес во работна посета на турскиот конзулат во Охрид. Ова е негова втора посета на конзулатот и рече дека секогаш кога е во Охрид пријатно се чувствува. Заедно со него беа и претседателот на Турската демократска партија на македонците како и генералниот секретар на партијата. „ Целта на моето делување е продлабочување на односите помеѓу двете пријателски земји, Македонија и Турција“ рече Незир. Тој потенцира дека се залага за привлекување на што поголем број инвеститори од Турција кај нас. Министерот Незир минатата година беше о…
СВР Охрид со низа активности го одбележа светскиот ден на екологијата. Годинава во соработка со ЈП Охридски Комуналец, се уредуваше паркот пред зградата на СВР, а пред Авто мото друштвото Васил Стефоски и Здружнието на возачи Охрид, се спроведе акција во која се контролираат патничките и товарни возила, за издувни гасови.„ Во координирани активности станицата за безбедност во патниот сообраќај спроведува активности насочени на контрола на патничките товарни моторни возила, пред се за издувни гасови.Поставени се два пункта во соработка со надлежните во здруженијата на возачи да вршат контрол…
И покрај мегаломанските најави од Локалната дека конечно ќе стават ред во поставувањето на урбаната опрема, денес на кејот никнаа замоците за игра. Граѓаните револтирани. Сметаат дека кејот треба да биде место за одмор на душата и телото, а не место за парада на шунд и кич.Ќе биде потребно многу повеќе од донесување на Годишна програма, за да се реши проблемот со поставувањето на урбаната опрема. И покрај добрата намера на Локалната да стави крај на панаѓурскиот туризам и окупацијата од подвижни и неподвижни тезги и игротеки, денес ништо не е променето. Тезгите се на истото место, а никна…
Охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ бара снабдувач со квалитетна вода за пиење. Веќе подолго време водата што ја користат аеродромот и жителите од околните села, Горенци и Оровник, не се хлорира и е неисправна за пиење. Корисниците не се задоволни од квалитетот на водата, а аеродром е должен да ги снабдува со исправна вода патниците кои ги користат нивните услуги. „Никогаш не се случило да ги снабдиме патниците со неисправна вода за пиење. Преземаме дополнителни активности што не се наша обврска иако плаќаме за потрошена вода и услуга за кои снабдувачот е должен да испорачува квалитетна…