За време на изминатиов викенд бродот Чан, за кој пред две години Основното јавно обвинителство од Охрид изрече времена мерка- забрана за отуѓување на пловен објект, мистериозно се најде на нова локација, надвор од каналот Биљанини извори.
Новата локација на мистеризониот брод Чан сега е во близина на атрактивните плажи Куба Либре и Кадмо, кој како ТВМ неофицијално дознава за време на викендот бил одвлечкан од каналот Биљанини извори и оставен таму. Од Охридската Капетанија информираат дека е направен записник и констатирано е во два наврати дека на бродот немало никој. Отаму потенцираат де…
Денес градоначалниот Александар Петрески сугерираше да се поништи тендерот за набавка на промотивно ДВД за Охрид. Дали со денешната изјава на градоначалникот се потврдуваат сомнежите на нашиот сограѓани кој што до нашата редакција испрати допис каде јавно прашува дали Градоначалникот преку ТЛЕР плаќа рекет од 20 000.
„Од она што јас го пратам мислам дека комисијата од општина Охрид која ги води тендерите мислам дека треба да го поништи овој тендер меѓутоа тоа е одлука на комисијата а не моја“, вели Петрески
Како што ТВМ веќе информираше станува збор за тендер за набавка на ДВД презентаци…
Во интерес на објективното информирање на јавноста во врска со случајот на угостителскиот објект „Пандонос“ , за кој што реагираа дел од варошани, ја добивме и информацијата која ви ја ветивме за дозволата за поставување урбаната опрема. Раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов потврди дека од страна на сопственикот на овој локал на 12.07 годинава било поднесено барање за дозвола за поставување урбана опрема, и веднаш биле уплатени средствата, со што сопственикот утредента ја добил истата. Ова е хепи енд за сопственикот на „Пандонос“. Граѓаните не се ни сомневаа дека истиот ќ…
Жири комисијата во состав Иван Џепароски (претседател), Славе Ѓорго Димоски и Венко Андоноски (членови) за изборот на најдобар расказ, на конкурсот што секоја година го распишува Општина Охрид, во чест на великанот на македонската литература Живко Чинго, одлучи наградата за најдобар расказ за 2010 год му се доделува на расказот Тагата, ах тагата”, под шифра, “Црн ат”.
На конкурсот пристигнале 49 раскази, од кои во потесен избор влегле 10. „Сите 4 години од како постои оваа манифестација ја следам. Овој конкурс прераснува во една институција на македонската куса проза“, истакна еден од чл…
„Секој почеток има и свој крај“. Вака варошани им порачаа на надлежните во градот, околу проблемот со кој деновиве се соочуваат, со поставените знаци за забрана за сообраќај, со што според нив му се отстапува патот на самоволието на сопствениците на угостителскиот објект „Пандонос“. Тие сеуште бараат одговор од надлежните во градот, зошто на поединци им се прогледува низ прсти. Варошани упорни во своите барања да не се прогледува низ прсти на поединци кои се дрзнуваат да работат на диво со поставување на урбана опрема, па макар да се работи и за неколку денови. Посебно апелираат до надлежни…
Народната поговорка „Кучињата лаат караванот си минува“ е само потврда на состојбата за која што ТВМ во неколку наврати ве известуваше. Имено реакциите и укажувањата на жителите од стариот дел од градот на неодамна поставените знаци за забрана за сообраќај на кракот кај ул. „Кузман Капидан“, не вродија со никаков плод, напротив, само отворија нови дупки.
Урбаната опрема пред угостителскиот објект „Пандонос“ се покажа дека 20тина дена е поставена на диво. Овој проблем го покренаа варошани, кои посочија дека оваа урбана опрема е причина заради која Локалната постапила онака како што е во мом…
Единствениот сообраќаен пристап до Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, во летните месеци е блокиран од автомобилите паркирани на двете страни од него. Поради тоа, во овој период од годината, амбулантните возила на прва помош, последните 500 метри до оваа устанува, ги минуваат за исто онолку време колку што им е потребно да дојдат од Битола до Охрид.
Да се стигне до единствената устанува во југозападниот регион од земјава, во која се изведуваат итни кардиолошки интервенции, последните 500 метри се најтешки. Директорот на Заводот, Др. Никол…
Во листата на збратимени градови на Охрид, со големи букви се запишува името на Турскиот град Јелова. Оваа соработка доаѓа по претходно донесените одлуки на седниците на совет на двете општини. Збратимувањето во Турција го потпишаа двајцата градоначалници на Охрид и Јелова пред неколку денови.
„Истото треба да го направиме за летен Св. Климет во Охрид. На збратимувањето имаше присутни и градоначалници од други градови. Меѓу нив беше и градоначалникот на Смоленск – Бугарија со кого имав прилика да се видам. Се договоривме сите градови меѓу себе да сорабутуваме, но и да изготвиме директни п…