Корона вирусот стигна и во Вечани. Нов кластер е текстилниот погон „Мотекс“ во општината. Првата вработена која се заразила била на слава во Радожда, од таму го донесла вирусот. Досега има шест потврдени случаи, но фабриката се` уште работи. Моментално во општина Вевчани има 12 активни болни шест се од кластерот од фабриката. Во најголем дел сите се асимптоматски или со блага форма. Имавме едн пацинетка која се лекуваше на интерното одделение Струга за среќа и таа е добра мислам дека состојбата е под контрола, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани. Епиедемилозите ба…
Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор споредено со истиот период лани.
„Можам да кажам дека периодов имаме многу мал број пожари на отворен простор. Во јули имаме околу 13 интервенции што како бројка е доста мала што се должи на временските прилики и зелената вегетација на територија на општините Охрид и Дебрца“.
Минатата година од 1ви јануари до крајот на јули пожарникарите имале 270 интервенции а годинава 167. Од ни…
Снимен документарен филм за првата охридска експедиција планинари кои пред 4 децении го искачиле највисокиот Европски врв Мон Блан. Филмот со наслов „Од Белото Езеро до Белата планина“ е посветен на охридските планинари Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи. 9 мината планинарски ентузијасти, од ПК Галичица, во летото 1980 година, се упатиле кон целта да го искачат врвот Мон Блан. По претходни интензивни тренинзи, подвигот го извеле со оскудна опрема , но со голема љубов кон планината и природ…
Започна реализацијата на проектот за поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е реновирање на училишната работилница.Изминатиов период во оваа образовна институција беше реконструиран кровот, променета е дограмата, а се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории.
И оваа среда неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е отстапен за литературата за деца и млади. На одделот за зајмување читателите ги чекаат уште девет наслови.
„Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето“ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“ од Жарко Кујунџиски.
Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со златниот тигар, брко…
Во текот на изминатото деноноќие (23/24.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Министерот за здравство, доц. Д-р Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции. „Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат, тој број е константен подолг временски период, некаде околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти се сме…
Деновиве, започнаа градежните активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна. Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи.Баскет игралиштето се реализира во соработка помеѓу општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади. Дополнително општина Охрид, после завршувањето на овој проект, планира да го збогати просторот и со други спортски содржини.