Ное 18, 2010

Предвремени локални избори, спас за кризата во Охрид

После нецели две години владеење од вториот мандат на актуелниот градоначалник Александар Петрески, време е тој да се преброи и да си замине, вака неодамна му порача претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој додава дека многу факти зборуваат за неговото неодговорно управување со Локалната самоуправа и злоупотреба на граѓаните на општина Охрид, небирајќи начин и средства како да ги спроведе своите лични интереси. Иако во ОК на ВМРО ДПМНЕ со нескриени страсти зборуваат за потреба од предвремени избори, тие сеуште немаат предлог за свој кандидат. Михаилов рече дека профилирањ…

Ное 18, 2010

Универзитетите во рамки на современите глобални проблеми

Проф. Др.Јованка Биљаноска како редовен професор на ФТУ Охрид, учествуваше на првиот светски конгрес кој неодамна се одржа во Чанаккале, Турција. Со големи импресии, Биљаноска ја потенцира важноста на еден ваков голем и несекојдневен настан. „Предизвик е да се биде учесник на светскиот конгрес посебно заради сознанието дека традиционалниот концепт на универзитетите не важи во новото време, во услови на глобализација на сите текови, вклучувајќи го тука и образованието“, рече Биљаноска. На светскиот конгрес на универзитетите, покрај главната мото тема „Кои се новите цели и одговорности на уни…

Ное 17, 2010

Кандидатите очи в очи со Канческа Милевска

12-те кандидати кои се токмат да седнат на челната фотеља на реномираниот фестивал „Охридско лето“, в понеделник очи в очи со Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска. Апликантите ќе имаат можност лично да ги презентираат своите проекти во врска со фестивалот и своите визии за развојот на истиот. Кандидатите ќе се обидат да ја убедат министерката дека токму тие се вистинскиот избор за директорската функција. Ова за ТВМ го изјавија од Министерството за култура. Инаку на конкурсот кој заврши на 26 октомври пристигнаа12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои…

Ное 17, 2010

Двоен аршин, еден за давање, друг за земање пари

Од ЕВН Македонија доследни во почитувањето на законските регулативи, но само кога на нив им одговара. Посебно се експедитивни и децидни кога станува збор за наплата на каматите од сметките за електрична енергија кои тие ги доставуваат на своите потрошувачи. Но, кога треба да се наплати камата за нивното ненавремено плаќање кон други фирми, е тогаш приказната е малку поинаква. Едно правно лице од Охрид, кое се обиде да го оствари своето право и да наплати извесна сума од ЕВН по основ камата, се соочи со вистинското лице на оваа компанија. Имено, иако по доставената пресметка за камата, врз …

Ное 17, 2010

Политиката замеша прсти и во спортскиот риболов

Македонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ. Од спортскиот риболовен клуб Св. Апостол Петар од Охрид кој е член на македонската риболовна федерација најостро реагираа  на дописот. Тие се крајно разочарани и изненадени од како што велат „дискриминирачкото и расистичко барање на Светската риболовна федерација“. „Сакам да нагласам дека ние уште од 1992 …

Ное 17, 2010

МЈП „Проаква“ го фати редот

Нема драстично зголемување на цените за водоводно канализационите услуги. МЈП „Проаква“ веќе може да се пофали дека влегува во колосек, па така од 15 ти септември има редовна исплата на плати и нема повеќе заостанат месечен надомест на вработените. „Преземањето на одредени мерки, како тековни така и стратешки, придонесоа наплатата на сметките да се зголеми“, вели првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Тој додава дека тие средства наменски веднаш биле вложени во исплата на заостанатите плати. Според Трпчевски најважно е што се регулирани односите со новото претпријатие „Ниско градба…

Ное 16, 2010

Граѓаните од муслиманска вероисповед денес го празнуваат Курбан Бајрам

Околу 800 семејства од Охрид кои се евидентирани  во Центарот за социјални грижи ќе добија по 5 кг месо по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Годинава се донираа околу 4 тони месо или 17 грла, а бројот на донатори од година на  година расте вели Зиба Муштеба преставник на фондацијата  Шафак за Охрид. На денешниот верски чин, каде што се колеше Курбан традиционално своите сограѓани од муслиманска вероисповед ги посети и празникот им го честита  градоначалникот Александар Петрески. Тој ги поздрави и верниците кои заминаа на аџилак. Градоначалникот Петрски на колењето Курбан го …

Ное 16, 2010

За Курбан Бајрам гости од Турција во посета на Охрид

За муслиманскиот празник Курбан Бајрам 400 гости од Турција во тридневна посета на Охрид. Девет дневниот одмор што го имаат граѓаните на Турција го користат за органзиарани патувања. Поголем број од нив прстојуваат и во нашиот град вели Филип Стефаноски преставник на турскиот туроператор Lets travel Balkans. Туристите од Турција пристигаат со чартер лет до Тирана, а потоа патуваат со автобуски превоз низ регионот во Косово, Хрватска, Црна Гора БиХ и  Македонија. Стефаноски најавува за идната година многу поголема посета на турски туристи на земјава. „Интерeсот ќе биде многу поголем до годин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top