Епидемијата на СИДА во светски рамки, слабее. Така, според последниот извештај на ООН, бројот на ХИВ позитивни лица е значително намален на 33 милиони, во 2009 година. Експертите велат дека голем број од високоразвиените земји или ја стабилизирале состојбата или постигнале значајни намалувања во стапките на нови инфекции со ХИВ. И Македонија бележи значајни намалувања на нови инфекции на ХИВ. Епидемиологот Д-р. Јованка Стурулакова Коровешоска вели дека од 1987 година до 31. Октомври оваа година, во Македонија се регистрирани 130 случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот, од кои болни од СИДА…
Охриѓани ги добија првите сметки од новоформираното претпријатие „Ниско градба“. На нив може да се забележи дека покрај ставката за одведување на отпадни води има и втора ставка одведување на атмосферски води. Трошокот за одведување на отпадни води, досега се наплатуваше во сметките на МЈП Проаква во кои на оваа ставка во новите сметки сега стои „0“ денари. Во првите сметки од „Ниско градба“ надоместот за одведување на отпадни води за физички лица изнесува 57 денари, а за правни околу 100 ден.
Неодамна за ТВМ првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски изјави дека овој надомест е по и…
Расветлени две кривични дела разбојиштво. Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„
Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари.
„Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво во киоск на Галичица …
Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо.
Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот.
Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи ормарот.
Останува …
Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел да му се помогне на малиот Илче кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче.
Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да ургираат до директорот на бол…
Пред година и пол, надлежните институции воведоа забрана за десетина препарати кои македонските земјоделци ги користеа со години наназад. Дали овој чекор е доволен за реализација на интегралното производство на храна кон кое се стремиме? Се наметнува и прашањето колку со ова ќе се внимава на безбедноста на храната? Станислава Лазаревска, претседателот на Здружението за заштита на растенијата во РМ, изјави дека ретки се државите во светот кои со органско производство на храна би можеле во целост да ги задоволат потребите за храна на национално ниво. Kај нас овие потреби никако не би можеле д…
Фирмата што најавуваше дека ќе гради хотел во облик на езерски бран, нема пари да го плати земјиштето.Каса градба, скопската компанија која на почетокот на месецов понуди 23 илјади евра за атрактивното земјиште кај Горица, ниту по истекот на 15 дена не ги уплати понудените пари.Освен тоа, Каса градба не успела да обезбеди ни банкрска гаранција во висина од 200 илјади евра.Каса градба на лицитацијата даде најповолна понуда од евро и пол за квадрат, почетната цена беше едно евро. Газдите тогаш најавуваа дека за 6 години на локацијата ќе никне супер лусузен хотел од 5 ѕвезди во облик на езерс…
Секоја обврска носи одговорност. Како што е познато од 15 ноември до 15 март, согласно програмата на Агенцијата за патишта и годинава патниот правец према „Галичица“ е затворен за сообраќај. Советниците на општина Охрид велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем, кој треба да се надмине. Претставникот на Комисијата за јавни и комунални дејности Јоне Станкоски, рече дека имаат програма за зимско одржување на локалните патиштата и доколку им се дозволи можат да се грижат и за патниот правец према НП „Галичица“.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески подршката за овој предл…