Дек 2, 2010

Неофицијално, највисокото општинско признание за „Богојавление“

Неофицијално, ТВМ дознава дека добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски годинава оди во рацетe на Здруженито за целосна афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Ова здружение заслужно за возобнување на манифестацијата „Водици“, иако постои само 7 години, за Комисијата ги исполнува сите критериуми за да биде добитик на највисокото општинско признание. Кои се годинешните добитници на Св Климентовата награда и дали ќе биде една или и годинава ќе се дели, но и кои се добитници на Св Климентовите повелби, ќе биде соопштено на денешната пресс конференциј…

Дек 1, 2010

Одбележан светскиот Ден за борба против хив/сида

1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Благодарение на ОО на Црвениот крст и во Охрид се спроведоа низа активности за подигање на свеста кај населението за ова вирусно заболување. Активностите во црвениот крст започнаа во раните утрински часови. За средношколците од Општинското средно училиште Св Климент Охридски се одржаа три работилници. Претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точков вели дека Едукацијата од волонтери на Црвениот крст, на нивни врсници ќе продолжи и во сленава недела. Невладината акција „Опција Охрид“  подолг период спроведуваат теренско Доброволно и доверливо с…

Дек 1, 2010

Промовиран првиот суперкомпјутер од Македонија!

Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“. Кимовски појаснува дека компјутерот работи на оператив…

Дек 1, 2010

Улицата „Јане Сандански“ сеуште со тесно грло

Дел од улицата „Јане Сандански“ сеуште со една функционална коловозна лента. Советникот за улици од Одделението за сообраќај и комунален развој, Зоран Шикалески информира дека поради изведување на градежни работи, на објект кој се наоѓа на оваа улица, дошло до оштетување на дел од тротоарот на истата. Шикалески, потенцира дека овие градежни работи не се причината поради која е оштетен коловозот на оваа многу прометна градска сообраќајница. Коловозот додава Шикалески е оштетен во должина на речиси целата улица уште одамна при поставување на канализационата мрежа. Советникот Шикалески додаде…

Дек 1, 2010

Започнува сезоната на празници, но и на петарди

Овој период од годината посебно деновите пред новогодишните празници, се карактеризира со зголемена злоупотреба на пиртехничките средства. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека само во минатата година,  СВР Охрид на подрачјето на општината пронајде и одзеде околу 20.000 парчиња петарди како и други пиротехнички средства. Исто така против  две лица била поднесена и кривична пријава. Што се однесува до поседувањето и користењето на нелегалното оружје, Димоски информира дека се прават огромни напори за легализација на оружјето од Б,Ц,Д, категорија како например ловџиското ор…

Ное 30, 2010

„Табана“ и „Кеј“ сеуште не се О.К.

Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување. И покрај тоа што со до…

Ное 30, 2010

Турбулентна седница на Советот на општината

Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија во Охрид. Опозиц…

Ное 30, 2010

„Нискоградба“ добра – за кого како….

Предлог одлуката за усвојување на првиот извештај за работа од формирањето на ЈП „Нискоградба Охрид“, на дваесет и седмата седница помина со повеќе забелешки. Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска рече дека се потврдиле нивните укажувања дека новото ЈП е уште една црна точка, исто како Јавните претпријатија кои веќе дејствуваат на подрачјето на општина Охрид. Таа нагласи дека извештајот, каде 90% за првото тромесечје отпаѓа на трошоци за вработени, е само уште еден доказ зошто е отворено ова претпријатие – за партиски вработувања. Ахмет Патељ, рече дека советничката група на СДСМ па…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top