Дек 4, 2010

Во Воска поплавени дворни места

Обилните дождови повторно допринесоа  прелевање на Грашница, кај Воска. И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места. Останува најесно зошто започнатите работи останаа недоврешени и се дозволува жителите повторно да се соочат со истите можни проблеми како и лани.  Од Регионалниот Центар  за управување со кризи информираат дека опасност од излевање на другите водни текови нема. Жителите од Орман  и Лакочереј кои лани имаа проблеми  со поплавите од речните корита сега може да се мирни. Единствено кај Волино, реката Сатеска е прелеана, и тоа на пониските …

Дек 4, 2010

ТА „Глобус Травел“ дел од проектот за самовработување

Туристичката агенција „Глобус травел“  е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP.  Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани сите туристички м…

Дек 3, 2010

Лицата со различни видови хендикеп запоставени од државата

Лицата со различни видови  хендикеп се чувствуваат запоставени од државата. Конвенцијата за нивните права сеуште чека да биде ратификувана. Со нејзиното потпишување  овие лица би се израмниле со правата на  обичните луѓе, но при тоа би требало да се извршат и драстични промени во државата. Треба да се адаптираат сите  институции, да се остранат  сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со хендикеп велат не бараме промени преку ноќ туку постепени измени. Но, со сегашната ситуација  очигледно е дека државата нема пари, но и волја за тоа сметаат  лицата со хендикеп. Лицата со хендикеп п…

Дек 3, 2010

Бојкот на Свечената академија

Охридскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја бојкотира свечената академија на 8 ми Декември.Дејан Паноски во име на неговата советничката група, на денешната пресс конференција јавно го изнесе партискиот став. Тој потенцира дека доделувањето на Св. Климентовата награда на Велија Рамковски е невиден скандал. Паноски изрази несогласување и отпор кон ваквиот според него скандалозен чин. „За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ овој срамен чин е вознемирувачка политичка инструкција на Градоначалникот на Охрид, на заменик – градоначалникот како гласач во Комисијата  за  одбележување на празници и манифе…

Дек 3, 2010

Најдобро се учи преку пример

На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична. „Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање на ваква хумани…

Дек 3, 2010

Медиумите ги жигосуваат маргинилизираните заедници

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро реагира против сензационалистичкото и стигматизирачко пренесување на информациите поврзани со последните податоци за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија објавени во дел од медиумски простор. Сензационалистичкиот пристап во пренесувањето на информациите беше евидентен во фактот што голем дел од медиумите ширењето на ХИВ вирусот и СИДА го доведоа во непосредна врска со хомосексуалноста, односно лицата со поинаква сексуална ориентација и идентитет  вели Славчо Димитров од Коалицијата за промоција и заштита на с…

Дек 3, 2010

Молитва за радоста

Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот Салон, на кој учество зе…

Дек 2, 2010

ВМРО-ДПМНЕ најавува бојкот на свечената Академија

Телевизија ТВМ дознава дека за вечерва координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ свикал вонреден состанок, на кој ќе се дискутира за добитниците на наградите, но и за можен бојкот на централната свеченост, која треба да се одржи во хотел Метропол на 8ми Декември. ТВМ исто така дознава дека е свикана вонредна седница на управниот одбор на Националната Установа Фестивал „Охридско лето“ за сабота, по која ќе следува прес конференција на која ќе се изнесе официјалниот став, во врска со скандалозното доделување на наградата св.Климент Охридски. Не е исклучена можноста и оваа институција …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top