Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“.
Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари.
Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.
Се привршува санацијата на колекторскиот систем. Интезнивно се работи на пречистителната станица во Враништа, информираат од ДЈП Колектор. Директорот Владимир Алексијоски, вели дека работите се скоро на самиот крај.
„Во моментов се поставуваат редукторите на пречистителната станица во Враништа . На охридскиот дел колктроскито систем е во целост завршен. Со прочистување, вовлекување на цевка во цевка, репарција на пумпните станици“.
При изведување на санацијата на колекторскиот систем од ДЈП на терен откриле и бројни диви приклочоци на системот, информира Алексијоски.
„Ние правевме и виде…
На 2-ри август на големиот национален празник Илинден во Охрид ќе се одржи традиционалниот мал пливачки маратон.
Во услови на пандемија од КОВИД 19, годинешното маратонско издание ќе се реализира по претходно утврдени протоколи. Според предвиденото стартот на трката закажан за 10 часот наместо од хотел „Парк“ како што беше претходно ќе биде од месноста „Мазија“, а трката ќе има кружен тек. Патеката во должина од 2,5 километри се очекува да ја препливаат не повеќе од педесетина учесници во машка и женска конкуренција.
Организатор на настанот е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровит…
Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 39
-Куманово 11
-Штип 13
-Прилеп 3
-Тетово 2
-Струга 2
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 3
-Гостивар 8
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 1
-Виница 1
-Свети Николе 3
-Кичево 4
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од:
-Скопје 49
-Штип 2
-Тетово 10
-Струга 17
-Охрид 15
-Гостивар 2
-Струмица 1
-Кочани…
Владата на Република Северна Македонија информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините.
Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на Република Северна Македонија да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат тоа самостојно. Донесув…
Во тек се завршни градежни активности за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“.
Во текот на вчерашниот ден се изврши поставување на првиот слој асфалт, а во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт.
Проектот за реконструкција на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.
На 15.01.2022 година во 11.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец,” во близина на селото Велгошти, пронајден е починат Н.Т. (54) од истото село.
Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, поради асфалтирање на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“, што ќе се реализира утре 28.07.2020 од раните утрински часови, потребно е да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности.
Дополнително поради градежните активности за асфалтирање и уредување, кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во текот на утрешниот ден.