Од охридскиот Завод и Музеј годинава најавуваат завршување на голем број започнати проекти, но и започнување на нови. Меѓу најавените проекти се стартот на изградбата на потпорниот ѕид, на карпата над Музејот Робевци. Карпата која се одрони на почетокот од минатата година, по расчистувањето и отстранувањето на над 30 м3 срушен материјал, сега се очекува изградба на потпорен ѕид. Директорката на Завод и Музеј,Тања П.Бунташеска информира дека „веднаш по завршување на Божиќните празници ќе започне изградбата на потпорниот ѕид кој ќе штити од понатамошно рушење на карпата над Музејскиот …
Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати.Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина специјалност е класа…
Тие велат дека несанирана цевка претставува потенцијална опасност по нивната безбедност, па побараа службите под итно да го решат проблемот. Од контактите што ги направивме со одговорните од “Нискоградба“ дознавме дека отворената канализациона цевка во населбата Христо Узунов е само делумно санирана поради божиќните празници. На лице место може да се забележи дека зафатот сеуште не е довршен. Извршено е само поставување на привремена цевка. Стапивме во контакт со Ќато Хусеин, раководител на групата за градежништво од ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид кој не информираше дека дефектот е веќе санир…
Се празнува раѓањето на Спасителот во храмовите низ земјава, но и низ светот. Во црквите се пејат светите евангелија, луѓето му се молат на Спасителот за мир, здравје, среќа.„Небото ја принесува ѕвездата на Бога, мудреците му принесуваат злато,ливан и смирна на младенецот, на Бога, земјата му принесува пештера, а ние на Бога му ја принесуваме Богородица, мајката Божја“ вели Отецот Диме од „Дебарско-кичевската митрополија.Раѓањето на Исус Христос треба да го избави човештвото од гревовите и да го издигне паднатиот човек. Светите молитви, мирисот на темјан кој се шират од секој храм допринесу…
Раното откривање на ракот на грлото на матката во денешни услови се пореално. Кампањите на Владата на Р. Македонија бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тест што се спроведуваа минатата година во многу допринесоа секоја жена да почне сериозно да размислува за своето здравје. Началникот на струшкото одделение за гинекологија Мухамед Асани вели дека здравствената култура кај жените во струшкиот регион е на многу високо ниво и ретко се среќава жена која досега не направила ПАП тест. Но, загриженоста кај дел од жените од првите резултати и откривањето на малите промени на грлото на матката, Ц…
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи. „Оваа наша иницијатива е во знак на почит на големото име, легендата на македонското пливање Атина Бојаџи. Со оваа иницијатива сакаме да искажеме почит кон жената која го претставуваше Охрид и Македонија во целиот свет“, вели претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ Атанско Михаилов.{loadposition content9}
Трета среќа. Локалната самоуправа по трет пат ќе распише тендер за изработка на студија за сообраќај за Охрид. Од одделението за комунален развој и сообраќај, се оградуваат дека не знаат колку ќе трае целата постапка и кога ќе заврши, затоа што постапката за студијата ја води друг орган, а не локалната самоуправа. „ Наша задача е постапката што побрзо да заврши. Да имаме согледување на стационарниот, динамичкиот и пешачкиот сообраќај“, изјави раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Шикалески. Шикалески вели дека одделението за сообраќај ќе тежнее паркирањето во центра…
Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција. На три социјално загрозени семејства им беа подарени социјални пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. „ Континуитетот на правење хумани дела ќе продолжи и понатаму. Ние сме народна партија и токму поради тоа, треба да сме постојано тука за потребите на нашите граѓани, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.Социјалните пакети се подготвени од средствата собрани на хуманитарниот коктел, кој оваа партија го организи…