Со концерт на арии во чест на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со која во далечната 1961 год. започна магијата наречена Охридско лето ќе биде отворено 60тото јубилејно издание на фестивалот. На 4-ти август на сцената на Античкиот театар ќе настапат светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ на концерт насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,,
„ Одговорноста да се подготвува програма во време на пандемија е голема , но и задоволство кога знаете дек…
Во пресрет на Илинденските празници, кога Охрид по традиција ќе биде преполн со туристи, првиот човек на градот апелира и до гостите и до домаќините да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од корона вирусот. Кризниот штаб, вчера одржа состанок и донесе заклучи во следните денови сите инспекциски служби да бидат постојано на терен и да вршат засилени контроли. Воедно, општина Охрид од денес започна Кампања за подигање на јавната свест кај посетителите. Веќе се подготвени промотивни флаери, кои ќе се делат на повеќе јавни локации.
„ Од денеска утрово започнавме координираа а…
Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“ изведена симулациска вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар. Во показната вежба покрај наставниците и учениците од економското училиште, учествуваа и претставници од Општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за спасување и заштита. Сценариото на вежбата имаше за цел да го испроба планот за евакуација и да се види подготвеноста на сите институции во нивната координација за безбедна евакуација од просториите, истакна …
Студенчишкото блато ќе биде прогласено за заштитено подрачје. Мнозинството советници во охридскиот совет денеска ја изгласа предлог одлуката за предлагање прогласување за заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На денешната седница претходно беше усвоена Студијата за валоризација на просторот на Студенчишкото блато. Изготвувачот на студијата кажа дека станува збор за уникатен еко систем и на блатото се направени зони на заштита. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување на природната врска со Охридското езеро и понатамошно управување со …
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.На состанокот беа донесени следните заклучоци:-Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина Охрид ќе спроведуваат заеднички и координирани контроли и ќе вршат инспекциски надзор на плажите…
По околу 30 интервенции на терен во текот на 24 часа имаат во просек лекарите од охридската Итна медицинска помош. Дополнително имаат амбулантни интервенции, вели д-р Љупка Николоска, раководител на службата. И оваа летна сезона брзата помош се соочува со бројни интервеници, како што се давање помош на хроничните болни, сообраќајни несреќи, транспорт на болни во Скопје. Но, посебно се загрижени за зачестените интервенции кај малолетици во алкохолизирана состојба, посочува д-р Љупка Николоска, раководител на ИМП.
„Во однос на малолетниците апелирам до родителите да имаат контрола и грижа вр…
ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.
„Ние побаравме од Агенцијата за млади и спорт површина по…
Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“.
Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за плаќање на режиските трошоци. …