Јан 27, 2011

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата на овој спор Милчо Клишес…

Јан 27, 2011

84 домаќинства останаа без социјална парична помош

По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот. Но, не само овие семејства, социјалната помош одредени корисници ја имаат изгубено и по друг основ. Во моментов се води судски спор со 52 корисници кои додека примале парична помош од државата, истовремено заработувале и од друго место.„ Како што вели Законот за социјална заштита, корисниците не пријавиле промена на матријалната состојба и истите…

Јан 27, 2011

Споменикот на Св. Наум е во завршна фаза

Охридската јавност шпекулира дека реализацијата на проектот доцни поради наводни проблеми со постапката за избор на најповолен изведувач, но Јоне Станкоски, претседателот на одборот за поставување на споменици ги отфрла овие шпекулации како невистинити. Станкоски потенцира дека иако желба и на самиот одбор била споменобележјето да се постави за зимен Св.Наум, поради реални причини, поставувањето ќе се одложи.Одборот за поставување на спомен одбележјето е составен од видни личности од градов и државава. Дел од него се претставници од локалната самоуправа од советот на град Охрид, претставниц…

Јан 27, 2011

Kој ќе ги санира новите пукнатини на улицата Јане Сандански

Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот. На тој дел асфалтот е распукан, а на тротоарите се појавија вдлабнатини. Согласно договорот кој го има потпишано изведувачот на градежните работи, доколку се утврди дека е причина за овие проблеми се градежните зафати должен е да ги санира, вели Зоран Шикалоски советник за патишта во локалната самоуправа.Шикалоски признава дека вакви пукнатини има не само на овој дел туку по целата улица. Тој објаснува дека тие…

Јан 27, 2011

Злоупотреба на тротоарите

Злоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, г…

Јан 26, 2011

Семинар или „факс“?

Од колкава помош за младите е неформалното образование? Сведоци сме дека честопати одредени лица кои имаат подолго искуство на одредена проблематика, имаат многу погoлеми вештини за одредено работно место, отколку лице кое штотуку дипломирало. Во последно време дури и одредени земји членки на ЕУ го признаваат бенефитот од овој вид на стекнување со знаења и вештини, па дури се направени обиди и  да го официјализираат, вели Исмаилоска Нола од НВО – Младински креативен центар – Велес.Од едната страна го имаме формалното образование стекнато во образовните институции кои припаѓаат на редовниот …

Јан 26, 2011

Изложба на фотографии од Охрид во Њу Јорк

Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од  20 март до 3 април. „Охрид вечниот град и бисер на Европа“ е насловот на изложбара, а носечка фотографија на ова културно збиднување ќе биде фоографијата на Заливот на коските, фатен од перспектива од пред дожд и тоа од агол каде нема ни еден современ објект.„Фотографиите ќе бидат посветени исклучиво на Охрид овековечен во чудна…

Јан 26, 2011

Незадоволни пациенти реагираат

Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака  се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов Беде. Таа седеше сло…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top