Поднесувањето на годишната даночна пријава и натаму задава главоболки и на вработените во УЈП и на самите граѓани. Најголемиот број на граѓани сеуште се неинформирани за оваа обврска и начинот на нејзино исполнување. За оваа цел, УЈП подготви информативни материјали кои бесплатно можат да се преземат од официјалната страна на Управата, од каде што може да се преземе и образецот за годишната даночна пријава или пак истиот да се побара на шалтерите во Управата.„Секој граѓанин кој што остварил приходи во земјата или во странство за 2010 година, должен е да ги пријави тие приходи во УЈП со подн…
Во пресрет на Св. Григориј и оние кои го носат ова име потсетуваме како некогаш во Охрид се славеле имендените. Визитите биле можност за дружење и средба меѓу роднините и пријателите. Домаќинките се натпреварувале која ќе направи поубаво слатко кое неизбежно се послужувало. Визитите како облик на дружење и средба со роднините и пријателите се карактеристични за нашето поднебје. За далеку прочуените визити некогаш биле карактеристични слаткото од охридски черешни и песните кои се пееле во семејставата кои чекале визита. На духот на некогашното градско живеење и потсетувањето на визитите н…
Промоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив.
„Македонската влада наместо да троши големи суми на пари за промоција на вашата држава на CNN и BBC, од што нема никаков ефект, треба финансиски да ги помага хотелиерите и туристичките агенции.Тоа е единствен начин да се спаси туризмот од колапс, но Македонија мора и да ги намали и цените на сопствените аранжмани“, вели Бранко Кривокапич претседател на хотелската асоцијација на Србија.
„…
„Адам од Говрлево“ денес влезе во историјата на лауреатите. Ова дело на Милован Стефановски го доби своето место под поетското небо. Ова е трета награда на авторот за неговото досегашно творештво.
Наградената поема „Адам од Говрлево“ денес во Центарот за култура-„Григор Прличев“ во Охрид ја доживеа својата јавна презентација. Авторот на оваа поема, покрај оваа награда, добитник е уште и на признанието, роман на годината и наградата „Браќа Миладиновци“. Ова дело е поетско гледање на авторот врз едно од нашите најголеми археолошки пронајдоци, „Адам од Говрлево“, мала керамичка фигура на машк…
Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла. Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката.„Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески. Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени услови потребни на една…
Годинава нема матурска екскурзија за средношколците. Рим и Венеција можеби се посакувани, но не и реални дестинации за матурантите од охридската гимназија „Св Климент Охридски“.Матурските екскурзии не се едноставни за организација. Треба добро да се отворат очи кога се работи за било каква активност поврзана со матурите , вели првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски. После немилите настани од минатогодишната екскурзија на средношколците во Прага, кога кај дел од нив беше пронајдена дроога со што во негативено светло се прикажа и градов и државава, мора да постои голема внимателно…
Векна леб, луксуз за најголемиот број граѓани во Македонија. По се изгледа со најавените нови поскапувања и овој основен прехрамбен продукт за многумина ќе стане недостижен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со серија поскапувања, но најавата за зголемување на цената на лебот предизвика најжестоки реакции. Во ситуација кога платите остануваат закопани во место со години наназад, обичниот човек одвај врзува крај со крај. Кога на ова ќе се додадат и сметките за струја, вода, комунално, преживувањето на месецот за обичниот човек станува невозможна мисија. Локалните производители на леб и пеци…
Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка.„ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство и со ЈП Комунално С…