Со овие стипендии се овозможува мобилност на нашите студенти и можност за студирање во некој од европските универзитети. Ова се бенефитите од Базилеус 3 стипендијата. Оваа стипендија покрај за студентите важи и за наставниот кадар на ФТУ. 15ти Февруари е крајниот рок за аплицирање за оваа стипендија. Базилеус 3 е достапна за сите студенти кои се редовно запишани на ФТУ. Тие треба да поседуваат серификат за познавање на некој странски јазик, да имаат препораки од одреден број колеги и да имаат пополнето и испратено апликација.Од ФТУ велат дека стојат на располагање на студентите кои сакаат д…
Извештај кој нуди алтернативни решенија за проблемите во врска животната средина или само документ плус? Станува збор за стратешка оценка која произлегува од Законот за животна средина и просторно планирање, односно, плански документ кој отсега е потребен при изработка на урбанистичката планска документација, вели Пеце Мирчески, еден од авторите на извештајот. Инаку, целта на овој извештај е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спороведува уште во фазата на план…
Зимски семестар во САД. Проф.Д-р.Ирина Петровска од ФТУ Охрид, престојуваше во Северна Каролина. Тоа се должи на довербата која и ја даде Стејт Департментот во Вашингтон, со доделување на Фулбрјтовата стипендија. Голема одговорност и гордост е Фулбрајтовиот гранд, вели Петровска. Таа додава дека запознавањето на американските студенти со македонската култура, јазик и традиција е голем напредок за земјава, посебно за Охрид. „Не е лесен патот кој треба да се изоди, за да се стигне до оваа стипендија“, вели Петровска. Многуте откажувања од секојдневните задоволства во животот се исплатиле, со…
Иако звучи нереално за нашата бизнис заедница, ова полека станува реалност. Студенти, но и бизнисмени, ќе имаат можност поблиску да се запознаат со оваа тематика преку предавања на Универзитетот за информатичка наука и технологија од Охрид.Имплементирањето на висока технологија во работењето на фирмите насекаде низ светот им овозможило да прераснат од мали и средни, до големи и мултинационални компании. Првиот чекор во оваа насока го прави Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид. На овој факултет наскоро се воведува програма наменета не само за студентите туку и за поширок…
Светот го тресе нов скандал околу вакцината за пандемски грип. Дванаесет земји пријавиле сомнителни случаи на нарколепсија поврзана со вакцините против новиот грип Н1N1, соопштува Светската здравствена организација(СЗО).Во соопштението се наведува дека нарколепсијата(ненадејно заспивање), воглавно кај младите лица, не е забележана кај претходните вакцинирања и дека почесто е забележана во Шведска, Финска и на Исланд, отколку во другите земји.Во студијата на Глобалниот советодавен комитет за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација, обработени се податоци од финското и…
Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви.
Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи во овој проблем, н…
Конференцијата против трговија со луѓе-место на уште еден дипломатски скандал. На оваа конференција учествуваа претставници од земјите од регионот меѓу кои се најдоа Србија, Албанија, Грција и Косово. Додека одговараше на прашања кои се однесуваа на трговијата со луѓе, Фериде Рушити, претставничката на Рехабилитациониот центар за траума од Косово набројувајќи ги земјите од регионот со кои соработувале на овој проект, кон нашата земја се обрати со привремената референца ФИРОМ. Ова наиде на реакции кај присутните новинари, но не и кај останатите. Рушити се извини за „ненамерната грешка“, но п…
На охридскиот пазар изгор цени и се помалку продавачи. Економската криза тропна и тука. Од закупот на тезги најчесто се откажуваат индивидуалните земјоделци кои годишно треба да издвојат сума од 22.400 денари. Не помагаат ни обидите од РЕ „Пазар“ сумата да се плаќа на месечни рати. Околу 20 посто од поранешните закупци ги откажале услугите за користење на простор за продавање, вели директорот на пазарот Живка Анѓелоска. „Цените не се променети и оваа состојба се должи на општата состојба со земјоделците во земјата и на финансиката состојба во државата“.
Од РЕ „Пазар“ сметаат дека врз усп…