Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 14
-Куманово 8
-Штип 13
-Струга 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 22
-Кочани 1
-Берово 3
-Виница 4
-Свети Николе 3
-Кичево 2
Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:
-Скопје 23
-Куманово 1
-Дебар 1
-Штип 11
-Тетово 17
-Велес 1
-Охрид 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 9
-Радовиш 5
-Кочани 1
-Свети Николе 17
Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на к…
Промовирана научната студија „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон. Ова е антрополшки етнолошка монографија, моја докторска дисертација за Балканските Египќани, вели Земон. Монографијата е изградена врз нови сознанија, податоци, случувања и феномени и е научен придонес за обичната и научната јавност.
„Содржи голем број историски извори, податоци, артефакти, детали од етнокултурата на Балканските Египќани и е дело за подобар развој на нашето мултикултурно општество, за подигање на свеста за различноста на нашето општество, едно општество кое целиме да го градиме. Исто така, е лесн…
Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус.
Dа бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!
Кој и како може да дарува? https://bit.ly/30ufhA4
Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови.
-„Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава , во…
Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители.
Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија.
Службите на јавното претпријатие се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Денес е потпишан Договорот за доделување награда на ООУ „Григор Прличев“ Охрид како прворангирано училиште за истражувачки проекти во рамки на „Предизвикот за млади истражувачи #4 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ“ кој се спроведе во месец мај и јуни од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
Училиштето ќе започне со реализација на својот проект „ВЛИЈАНИЕТО НА КОРИСТЕЊЕТО НА АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВРЗ ЗАЧУВУВАЊЕТО НА ЗДРАВА ЕКОЛОШКА СРЕДИНА“ во месец декември. Истражувањето ќе го спроведат ученици од предметна настава од централното и подрачното училиште во с.Рача, под менторство на на…
Десет часот наутро, кампот Љубаништа веќе одамна буден. Камперите раздвижени , некои во набавка во локалната пордавница, други го пијат утрнското кафе, трети појадувааат, а некои веќе се распослале на плажа и уживаат во милувањето на утринските сончеви зраци и разладувањето во езерските води.
Во меѓувреме пристигнуваат и нови гости , се пријавуваат на рецепција или доаѓаат во еднодневна посета на ширната песочна плажа. Оваа сезона во авто кампот најбројни се домашните гости, велат менаџерите Што е најважно строго се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.
„Во моментов…