Како што ТВМ во неколку наврати информираше, пред половина година Управниот одбор на оваа јавна установа ја предложи Марина Петроска Тодороска, за оваа фукнција, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Петрески. Тодороска беше именувана за вршител на должноста директор. Како што е познато тогаш, дел од членовите на Управниот одбор, го кренаа гласот против оваа одлука на градоначалникот, поради забелешки дека со оваа одлука се прави повреда на статутот на градинката.
Нејзиниот противкандидат, Роза Костеска, ја обжали ваквата одлука. Второстепената комисија сеуште се нема произнесено во…
Се наѕираат можни измени во Законот за работни односи. На иницијатива на министерот за образование Тодоров и министерот за социјала Бајрами, можно е просветителите побрзо да си го решат својот работен статус. Законот за работни односи се однесува и на јавниот и на приватниот сектор, но двајцата министри бараат од тоа исклучок да биде образованието. Моментално според овој закон потребни се 5 години работно искуство за да се добие решение на неопределено време.
Директорот Рилкоски вели дека во гимназијата со нерегулиран статус има околу 15 до 20 професори. Тој додаде дека голем дел од нив ве…
Експресна реакција на Локалната на обвинувањата изнесени на денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои:
Дури и во најдиктаторските и апсолутистички системи е можно, ако некој те нападне, ако ништо друго, барем да можеш да се одбраниш. ВМРО- ДПМНЕ преку нивниот Општински комитет постојано со соопштенија полни со неаргументирани напади и закани со кривични пријави, сака да ја замолчи локалната самоуправа. Очигледно е дека со ваквите постапки од ВМРО- ДПМНЕ сакаат да ни стават до знаење дека кај нив е апсолутната власт и дека никој, не смее да им противречи.
Господо од ОК на ВМРО- ДПМ…
Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа.
Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на диво повеќе од една годин…
„Александар Петрески и СДСМ го прокоцкаа Охрид за свои интереси. Имаа ретка прилика да бидат големи за Охрид, но и како и се досега ја промашија поради лични интереси“ итакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов на денешната пресс конференција. Претседателот на Охридската ВМРО ДПМНЕ во продолжение на своето излагање уште додаде дека сега Петрески и неговата матична партија панично се обидуваат да се извадат за прокоцканата прилика со некакви списоци на дела што наводно ќе ги направеле за Охрид.
Михаилов јавно запраша зошто досега со веќе над 50 милиони евра средства на граѓ…
Трета награда во многу силна конкуренција. Уште еден успех на ученик од ОУ Св. Климент Охридски. Од 133 натпреварувачи на државната олимпијада која се одржа неодамна во приватниот колеџ Јахја Кемал, охриѓанката Марија Симоноска го освои третото место. „Бев премногу сигурна во себе и она што го имав научено, но силната конкуренциа сепак си го направи своето“, вели за ТВМ Марија Симоноска.
Наставничката Дивна Стрезоска под чие менторство Симоноска ја доби наградата вели дека учениците ги следи подолг период пред да одлучи кој ќе го претставува училиштето на државната олимпијада.
Таа додава д…
Очевидци велат дека пред неколку дена, во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки, екипа на ЕВН-Македонија, во обид да го средат просторот околу трансформаторот за напојување со електрична енергија, покрај тоа што исекле неколку од гранките на околните стебла, искеле и две борови дрвја. Нашата екипа веднаш дојде на местото, а неколку минути подоцна и инспекторите од Одделението за инспекциски надзор од Охрид. Жителите кои живеат во непосредна близина додаваат дека после нашето заминување, уште истиот ден, екипата на ЕВН се вратила на местото и уредно ги подигнала исечените стебла и гра…
„Нашата цел е една и единствена, да им помагаме на оние кои имале помалку среќа од нас“, вели Џими Рос, поранешниот претседател на Lions Club International. Рос со посетата на трите лајонс клуба во Охрид, ја заoкружи својата еднонеделна посета на нашата држава. Овој поранешен претседател на LCI, како и пранешен врховен судија на сојузната држава Тексас, е задоволен од глобалната соработка помеѓу Лајонс клубовите, како и од реализацијата на проектите преку средствата на фондацијата на LCI.
„Фондацијата на LCI им помага на лајонсите да аплицираат за грантови. Така ние ќе можеме да им одобри…