Апр 1, 2011

Место хотел со пет ѕвезди-најголем Aqua Park на Балканот

Априли -ли -ли ! ! !(Ја немаме ние таа среќа){loadposition content9}

Мар 31, 2011

Акцијата „Ден на дрвото“ успешно спроведена и Охрид и Струга

Прeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга. „Ајде на садење, батали политика“. Под ова мото, по седми пат во нашата држава се одржа акцијата Ден на дрвото. Покрај учениците од основните и средните училишта од нашиов град, кон истата се приклучија и членовите на Советот на општина Охрид, кои го пошумуваа делот кај клучката на влезот на Охрид, со садници кои ги обезбеди ЈП „Охридски Комуналец“. Стру…

Мар 31, 2011

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект. Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина. Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите на улиците:”Св.Климент Охр…

Мар 31, 2011

Охридска делегација во посета на саеми во Дубровник и Будва

Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми. Саемот во Дубровник насловен „Саем на маслинки или медитерански саем“ посветен на производството на Здрава храна и во Будва, традиционален саем, на кој свој штанд имаше и Општина Охрид. “Заминавме во Будва на покана на стопанските комори од Дубровник со кои имаме извонредна соработка“, вели Ружди Муфти, член на стопанската комора на Македонија и потпретседател на регионалната стопанска комора.  Целта на на…

Мар 30, 2011

Локалната го одврза кесето за туризмот

Општината повторно ќе го помага локалниот економски развој и туризмот. Објавен јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот. За оваа намена од буџетот на оптината се издвоени 2,7 милиони денари. Максималниот износ за подршка на секој проект изнесува 200.000 денари, а за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 20% од вкупната вредност на проектот. За тоа дали доделените средства ќе бидат наменски користени ќе проверува стручна комисија од секторот за ТЛЕР.Горан Мицкоски од  Секторот за Тлер, со објаснување, за тоа к…

Мар 30, 2011

Уште една прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

„Очигледно преплашени од глетката пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која ја видоа масовноста и подготвеноста на членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за парламентарни избори, ОО на СДСМ брзо брзо свика прес на кој, преплашена, до јавноста се обиде да протне дезинформација дека некој на некого му се заканувал. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Илија Мојсовски. „ВМРО-ДПМНЕ не спаѓа во рецидивите на старата комунистичка партија и во вн…

Мар 30, 2011

Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Иако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили „Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно здравје, степенот на…

Мар 29, 2011

Казна затвор за охриѓанецот во случајот „Педофилија“

Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.  На обвинетиот Д. Ѓ. од Куманово за две кривични дела му изрекува казна затвор од 5 години, обвинетиот Е. Т. од Штип за едно кривично и едно продолжено дело го осудува на единствена казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот А. М. од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години го осудува на казна затвор во траење од 4 години.Штипскиот основен суд во изминатите неколку месеци из…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top