Апр 4, 2011

Религија и медиуми на заедничка маса

Религијата како комплексна тематика беше повод за денешната работилница на која медиумите и верските заедници седнаа и дебатираа на заедничка маса. Претставниците на верските заедници излегоа со слични ставови. Тие сметаат дека често во медиумите се прават грешки во известувањето и дека многу често генерално се зборува за одредени работи. „Иако мислиме дека се познаваме, ние не се познаваме. Тоа значи дека и новинарите многу работи не ги познаваат. Имаат одредени општи познавања кога ќе се навлезе во теологијата на македонската православна црква или католичката црква или евангелиско-метод…

Апр 4, 2011

Истекува времето за иселување

За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија. Како посакувана местоположба за сместување на нивните работни простории е посочена  атрактивна локација на самиот езерски брег со површина  на просторот од  40 метри квадратни.  Како трајно решение се бара долниот дел од Капетанија. Дали ќе им биде удоволено барањето ќе се знае од утрешната одлука на Владата.  На седница треба да се разгледува и да се донесе конечно решение за сместув…

Апр 4, 2011

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две етапи и две групи. Прват…

Апр 4, 2011

Која е причината за се поизразеното врсничко насилство?

За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални. Порака на facebook, непочитување на командите на својот соученик – лидер, кој се поистоветува со лик од сериите или последната, која се случи во ОУ Григор Прличев, кога средношколец од Гимназијата во заштита на својот помал брат, предизвика масовна тепачка. Некои родители загрижени за она што им го раскажуваат децата по поминатиот училиштен ден. Еден од нив е Александар Ѓоргиевски, дипломиран графички дизајнер, човек чија професија е тесно поврзана со она што се случува во виртуелнио…

Апр 2, 2011

Кога би можел да зборува Чинарот

Бутурниот Чинар, како што сакаат од милост да кажат постарите охриѓани за најпознатото дрво во центарот на градот, крие многу историја за некогашното  живеење во Охрид. Повеќе вековното дрво е сведок на многу случувања, настани и личности кои   одбележале едно минато  време на  градот под Самоиловите кули. Симболот на Охрид, платановото стебло, Чинарот, со латинско име Platanus orientalis L е високо 25 метри, распонот на гранките исток -запад е 16,40 м, а на север- југ 12, 60 метри. Обемот на кореновиот систем е 26,7 метри, а обемот на градната висина на 1,30 метри изнесува 18,80 метри. Спо…

Апр 2, 2011

Погина градежен работник

Фадил В. роден 1952 год. почина денеска при изведување на градежни работи на ул.„Кирил и Методиj“ во Охрид. Од СВР велат дека се работи за несреќен случај при изведување на градежни работи. Имено настанот се случил при качување по дрвени скали кога работникот изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри. Фадил В. починал на лице место. Увид е направен од полициски службеници и доктор од општата болница. За случајот бил известен и дежурниот судија при основниот суд во Охрид.{loadposition content9}

Апр 2, 2011

Mенувањето на законските прописи ги спаси дивоградбите

Локалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат.  „Министерството за транспорт и врски уште пред три години објави дека ќе донеси закон за дивоградби и ние го чекаме“, истакнува Танасоски. „ Се донесе закон за градба. Дојде и дотаму на оние кои го имаа прекршено да им се одземи и земјиштето. Потоа се донесе законот за легализација, со кој од прекршок премина во кривично дело,…

Апр 2, 2011

Се додека може не им откажува дружба на иглата и конецот

Ленче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата. Таа со внимание следела и впивала од убавините на нашата фолклорна традиција. Од преголема љубов кон македонските носии и желбата нашето етно богатство да се зачува и да остане во Македонија, Ленче  започнала и сама да изработува делови од народните носии. Но, не само носии туку и останати практични предмети за облекување и  украсување на домот. Таа другарува со конецот и иглите, плете и везе к…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top