Штетното влијание на издувните гасови, голем проблем и во Охрид. На оваа тема денес во просториите на Црвениот Крст, се одржа трибина во присуство на претставници од повеќе институции. Седми април светскиот ден на здравството не случајно беше избран како најпогоден термин за почеток на кампањата, која што ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, смета претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, и додаде дека комплетно ја имаат нивната поддршка.
Подигањето на свеста кај населението од штетноста која што се случува заради движењето на моторните возила и испу…
Претседателот на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Проф.Никола Тренески на тематска пресс конференција проговори за активнстите на министерството за образование и наука во својот петгодишен мандат.
„Основна дејност на Министерството за образование и наука е воспитно-образовниот процес на што овој состав на министерство и посвети посебно внимание во едно постојано реформско движење, а резултатите се видливи низ сите нивоа на образование“ истакна Тренески. Проф. посебен акцент стави на приближување на нашиот образовен со образовните процеси според европските стандарди. При …
Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец” ги известува жителите од населбата „Стар Град“ дека во сабота ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.). Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот, на места кои се лесно пристапни за возилата на „Комуналец“ или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353.
{loadposition content9}
Семејна трагедија се случи во Охрид во доцните попладневни часови. Пронајдени две беживотни тела во семејна куќа на улицата Момчило Јорданоски, во близина на пекарата Габреш. Соседите во шок. Велат станува збор за брачен пар кој во брак бил веќе десет години, а имале и две малолетни деца.
Видно потресени соседите изјавија дека , најверојатно станува збор за семејна расправија, која резултирала прво со убиство, а потоа со самоубиство.
Додаваат дека најверојатно станува збор за долготрајна нетрпеливост помеѓу двајцата сопружници, која на крај, резултирала со трагедија. Соседите шпекулираат,…
Охрид ќе добие нови 15 плажи. Една од нив ќе биде и плажата Лабино. Министерството за транспорт и врски веќе распиша тендер, на кој заинтерсираните ќе треба да ги достават своите понуди. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата со која атрактивните локации во Охрид ќе се оплеменат.
Градоначалникот забележува што министерството распиша тендер за плажите само два месеци пред истите во владение да ги добие локалната самоуправа.
Со средувањето на Лабино и издавањето на оваа плажа под концесија, ќе се докомплетира идејата зацртана подолг приод за овој дел од Охрид и со која ќе …
Јавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината се јавува во име на имплем…
Деновиве, на иницијатива на Одделението за комунален развој и сообраќај започна асфалтирањето на дел од улиците, на кои минатата година се изведуваа градежни зафати, поради поставување канализациона и водоводна мрежа. Од ова одделение најавуваат дека ќе се обидат да го решат проблемот со улицата која ги поврзува населбите „Гоце Делчев“ и Видобишта со патниот правец Охрид-Свети Наум.
Шикалески додава дека станува збор за улица на која пред десетина години е изведено поставување на водоводна мрежа, од страна на ЈП Проаква. Шикалески потенцира дека во тој период се укажувало дека цевководот н…
Спортските риболовци крајно револтирани. Се надеваа дека Владата ќе им дозволи рекреативен риболов, но нивните очекувања беа изневерени. Во моментов концесиите за риболов се истечени, а во меѓувреме мака си мачат рекреативните риболовци. Во сила е забраната за лов на риба, а спортскиот риболов ќе биде приклештен во место се додека не се доделат новите концесии. Засега очите на риболовците се вперени во Владата.
„Значи таа вчера донесе одлука да се распише конкурс за доделување на концесии за реки, значи само за реки, а не за акумулациите и не за езерата. А тоа за нас не го решава проблемот…