Апр 15, 2011

Жените од ДПМНЕ Охрид со нови трибини и хуманитарни активности

Следува период на поголем ангажман на жените од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. На денешниот прес тие најавија дека во наредниов период ќе организираат поголем број на трибини, ќе прават хуманитарни акции, ќе помагаат на сиромашните семејства од Охрид. Велат: „Овие активности ги спроведуваме со цел да им помогнеме на најсиромашните семејства за да можат да ги поминат Велигденските денови убаво и да бидеме во тек со светските трендови односно со Светската недела на солидарноста.“ Ја најавија и првата трибина за престојниов период. „Овој пат решивме да посветиме една трибина токму на нас жените, темата…

Апр 14, 2011

Каде треба да се вакцинирате против морбили?!

Согласно заклучоците на Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство, по донесената одлука за прогласување епидемија на морбили на целата територија на  Р.Македонија, против морбили треба да се вакцинираат сите деца на  возраст од 6 до 12 месеци, а доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани и сите лица на возраст од 13 месеци до 40 години. Од Центарот за Јавно здравје – Охрид ги информираат граѓаните кои не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани дека: – Децата на возраст од 6 месеци, до 18 години, ќе бидат вакцинирани во ЈЗУ „Здравствен дом“-Охрид, Рабо…

Апр 14, 2011

„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои:Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид. Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие, знаат и тие, дека сите па…

Апр 14, 2011

„Јас и мојот живот без некои работи“, пред охриѓани

Документарниот филм „Јас и мојот живот без некои работи“, на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски и во Охрид. Охриѓани за десеттина дена конечно ќе ја видат приказната за која толку многу се зборуваше изминатив период – за 22 годишното момче кое го бара својот биолошки татко низ 23 милионската земја Романија. Пиперкоски за ТВ М открива детали и за својот прв игран филм кој е снимен и чека за монтажа. Тој додава  дека многумина ќе се пронајдат во филмот и дека се радува што успешно ги обработува чувствата и на двете страни, и на момчињата и на девојчињата. „Сакам премиерата на фи…

Апр 14, 2011

Реализација на капиталните проекти во Охрид

Капиталните проекти и нивна реализација, тема на денешната прес конференција на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам, Горан Патчев, се осврна на законите и измените на законите од оваа сфера, како новодонесениот Закон за Охрид, измените на Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените објекти итн. Патчев, посебен акцент стави на остварените инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и околината, во последните две години. •           Изградба на Булеварот Железничка                                              2.4 км        149.876.805 д…

Апр 13, 2011

Македонија и Албанија ќе се поврзат со далековод

А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан. Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на АД МЕПСО и Сокол Рамадани, генералниот директор на OST, денеска во Охрид. „Со меморандумот за разбирање двете страни ќе ги остварат меѓусебните права и обврски, заедно со партнерот европската б…

Апр 13, 2011

„Панкот не е мртов“ доаѓа во Охрид

„Панкот не е мртов“ конечно ја здогледа светлината на денот. Иако се соочуваше со повеќе проблеми од самиот почеток, филмот сепак успешно завршен. Снимањето траеше седум недели, главно на локации во Скопје, но и во Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Се работи за Панк филм и објаснување на некои дејствија кои ни претставуваат една поинаква Македонија. Во филмот учествува и навивачката група Комити Скопје. Овој филм премиера ќе доживее и во Охрид. „На 15ти Април во Центарот на култура ќе се одржи премиерата на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“. Филмот припаѓа на жанрот црна комедија…

Апр 12, 2011

„ВМРО-ДПМНЕ е виновна што не е почната изградбата на Здравствениот дом“

Локалната веднаш излезе со реакција во медиумите во врска со  пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост: „Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните ,а не дежурна тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа.Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здраствен објект е локалната самоуправа зошто речиси 5 години  не е доставена потребната документација. Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на загрижената охридска јавност дека со ваквите неосновани напади ОК на ВМРО- ДПМНЕ сака да ја…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top