Градот ќе изработи проект за решавање на сообраќајниот метеж во близина на пазарот. Една од покритичните точки е на пресекот со улиците Абас Емин, Гоце Делчев и Кирил и Методи кои ги поврзуваат жителите од Стар град со централното грaдско подрачје и населбата Лескајцa. Сообраќајните гужви им создаваат нервоза на жителите и на туристите во централното градско подрачје. За овој реон, градот наскоро ќе почне постапка за изготвување на сообраќајно решение. За таа цел ќе поднесеме барање до надлежни фирми кои изработуваат сообраќјани проекти, информира Зоран Шикалоски од Фондот за сообраќај, ули…
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 340 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Пријавувањето за вакцинација против сеознскиот грип оваа година ќе биде индивидуално преку порталот vakcinacija.mk а не со закажување термин преку матичните лекари. При пријавувањето треба да внесете ваши точни податоци и телефонски број, бидејки за терминот ке бидете известени преку смс порака на вашиот мобилен телефон, информираа утровo некои од матичните лекари.
Пријавувањето веќе може да се спроведува на оваа веб страна на Министерството за здравство.
Диви кампери цело лето распослани во селото Љубаништа. На плажата пред авто кампот, секојдневно има поставени шатори и автомобили, каде нелегално кампуваат гости. Екипата на ТВМ затекна десетина импровизирани шатори , а според паркираните возила ги имаше од Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево Прилеп и други градови. Немаат струја, ниту вода , ниту тоалети. Надлежните од автокапот состојбата ја пријавиле во полиција. „Ние се обидуваме да направиме ред во нашиот камп за жал во непосредно соседство се наоѓа еден неорганизиран простор на кој слободно доаѓаат луѓе со години и го злоупо…
Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 32-Куманово 4-Штип 5-Тетово 7-Кавадарци 8-Гостивар 8-Струмица 1-Кочани 1-Пробиштип 2-Македонски Брод 2-Виница 1-Свети Николе 1-Кичево 2-Неготино 1Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:-Скопје 50-Куманово 16-Прилеп 2-Тетово 5-Струга 28-Охрид 18-Гостивар 2-Крушево 1-Кочани 1-Македонски Брод 1-Кратово 1-Свети Николе 10-Кичево 1Досега во земјата се напра…
Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.
При контролите, во автокампот и плажата „Градиште“ од страна на оп…
Вчера во 18 часот и 30 минути, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 19 годишен скопјанец удрило во пешак (58 годишна) М.Т.од Охрид. Жената била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. Ова е прва сообраќајна несреќа во Охрид со жртва за време на летната сезона кога е зголемена фрекфенцијата на возила.Во текот на јуни и јули во Охрид, регистрирани се …
Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, но не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Односно, сите придружни работи кои се подразбираат под унапредувањето на животната средина и квалитетот на живот.
Иако ги поздравуваат заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, велат дека нивниот концепт мора да се унапреди и доработи.Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.
Освен обележувањето на патеките, с…