Претставници на институции од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, разменија искуства и ги согледаа современите можности во третманот на хепатитис Ц. Лицата кои се интравенозни корисници на активни психотропни супстанци, а кои се заболени од оваа болест, во нашата држава за жал сеуште секојдневно наидуваат на бариери. Прим.д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ, истакна дека здравствените работници мора да се ослободат од предрасудите при третманот на лицата од ризичните групи.
Што се однесува до тоа дали кај нас постои националана стратегија, за борбата против оваа болест, за која па…
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, во присуство на претставници на Локалната самоуправа, неговите најблиски од семејството, како и колеги и пријатели, за последен пат беа истакнати неговите дела и заслуги.
Градоначалникот, Александар Петрески во својот говор истакна дека останува неизбришлив споменот за човекот, кој сите кои што го познаваа го почитуваа. Петрески рече дека Др. Наумов ќе биде запаметен како голем човек, хуманист, не само по професија туку и во човечка смисла.
Од името на лекарскиот есанаф се обрати претседателот на Здружението на лекари Др. Илија …
Министерството за култура ни по седум месеци никако да избере директор на Фестивалот „Охридско лето“. Нема резултат ни од вториот конкурс иако во најстрога тајност се чувани имињата на кандидати за потенцијален директор. Не се остварија и предвидувањата дека најдоцна до Велигден ќе биде познато името на првиот човек на оваа институција.
Во јавноста наголемо се шпекулира дека министерката Елизабета Канческа Милеска не е задоволна од пријавените охридски кандидати и бара директор од Скопје. Ставот, пак на членови од Управниот одбор на дирекцијата „Охридско лето“ е сепак директор да биде л…
Информатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за неговата успешност.
„О…
Охридските матуранти, идни студенти, имаа можност да се запознаат со студиските програми на новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерество, популарно познат како ФИНКИ. Доцент Доктор Анастас Мишев од овој факултет, истакна дека ова е најмладиот факултет, при најстариот универзитет кај нас, универзитетот Св. Кирил и Методиј. Мишев Потенцира дека, ФИНКИ претставува една нова високо образовна институција која ги спои досегашниве две информатички катедри и тоа, онаа на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Ова е поз…
Ако по утрото, денот се познава, летово не чека туристичка сезона како во старите добри времиња, кога ни доаѓаа и по стотина илјади туристи. Хотелските капацитети исполнети до максимум. Во структура на гости во која доминираат нашите соседи безразлика православни или католици, сите го посетија Охрид и тука го прославуваат Велигден. „Балканскиот Ерусалим“ нарекуван од многумина, Охрид во моментов работи максимално. Од хотели, ресторани, кафетерии, туристите уште од раните утрински часови поседнати по кафулињата го пијат првото кафе крај охридската ривиера. Хотелиерите максимално задоволни од…
Македонија, за жал ни по 20 години самостојност нема изградено старатегија за развој на туризмот.. Сопственикот на хотелот Славија Спектар , Зоре Темелкоски, со своите визии за развој на туризмот вели последен момент е кога треба конечно да се изработи стратегија на национално ниво. Темелкоски препорачува во нејзината изработка да се вклучат Факлутетот за туризам, Факултетот за економија и стопанствениците, а не поединци кои ќе се промовираат себе си дека се експерти. Таа треба да биде промовирана како генерална стртегија во светот, од неа да нема отстапувања туку постојано да се надог…
Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од охридската гимназија. Оваа иницијатива уште пред една година беше усвоена од советниците, сега за реализирање на истата се чека само одобрение од Минисетрството за образование. „Економското училиште одамна требаше да биде посебен правен субјект. Со тоа учениците и со завршено средно училиште би биле спремни како кадар“, вели градоначалникот Александар Петрески и додава:
„ Ние ги имаме донесено сите потребни одлуки на седниците на Советот на Општина Охрид и сега чекаме на согласност од Министерството за образование. З…