Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место. Од четирите предлози на кандидати од општинската органзиација на СДСМ меѓу кои се споменуваа имињата на Науме Јованоски, Бранко Трпчески и Тони Чингоски, избран е Митре Вељаноски. Вељаноски е актуелен раководител на секторот за образование и култура при општина Охрид и член на извршниот одбор на СДСМ, и се најде на 4 –тата позиција на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 5. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за ТВМ даде краток коментар дека ја поддржуваат пратеничката…
На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија. Во нашата изборна единица бр.5, носител е Јани Макрадули, а Митре Велјановски, членот на Извршниот одбор на партијата од Охрид, е на високот 4. место. Стружани ќе ги претставува Александра Несторовска, на која и е доделено 9. место на листата.Пред Велјановски се најдоја претседателот на ПЕИ Фијат Цановски, кој е позициониран на местото бр.2, додека на третото место е досегашната пратеничка од Битола Весна Бендевска.
Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди. Во моментов е прва година во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје и со сигурност вели дека нејзината идна професија ќе биде оперски пејач. Нови успеси за Миланка Новеска. Охриѓанаката која сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, сега нижи меѓународни успеси. За само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари. Најпрво во Аранџеловац на меѓуна…
Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција.
Оттаму велат дека „Не се работи за неосновано критикување на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината“.
„Презентирањето на реалните состојби во односите меѓу Локалната самоуправа и централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ ,не е кукање туку кажување на вистината“, велат од кабинетот на Охридскиот Градоначалник. Потенцираат дека Градоначалникот Александар Петрески го информирал евроамбасадорот Соренсен, за сериозниот и постојан притисок од централната власт, …
Лиење крокодилски солзи и поставување во позиција на жртва во односите со државните институции, пред Евроамбасадорот Петер Соренсен.
„Изјави кои се во целост недипломатски, а кои во никој случај не одат во корист на Охрид“, обвинува координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски. Тој вели дека при неодамнешната посета на евроамбасадорот Соренсен на Охрид, охридскиот градоначалник Александар Петрески, тенденциозно се претставил како жртва во односите со државните институции.
„Проблемите излегоа со изјавите кои ги дадоа градоначалниците на Охрид и Струга, кои, во наводници …
На глава, на шија ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи својот митинг на градскиот плоштад. По вчерашната одлука на градоначалникот Петрески и Советот на град Охрид со која забранија одржување на митинзи на плоштадот, следеа остри реакции од ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат никој не може да го сопре народот да излезе на митинг.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид упати жестока реакција на вчерашната одлука на градоначалникот и советот на град Охрид со која се забранува одржување на митинзи на градскиот плоштад. На денешната прес конференција, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Ата…
Bake & Cake, ново лого и уште еден продажен објект на „Жито леб“ Охрид. Новиот млечен ресторан се наоѓа во комплексот Охридати, како дел од Вила Два Бисери. Станува збор за атрактивна локација, за која од менаџерскиот тим на ова претпријатие веруваат дека ќе биде вистинскиот погодок пред почетокот на туристичката сезона. Еден е од петте новоотворени објекти од овој вид, покрај млечните ресторани, кај Гимназијата, Стариот Чинар, Новата Автобуска станица и Кафето Два Бисери, во комплексот Летница. Од „Жито леб“ продолжуваат со реализација на најавените инвестиции, според очекуваното.
Прозиво…
На работилницата со наслов: „Улогата на стечајниот управник во спроведувањето на инсолвентната постапка“ тие ги усогласуваа ставовите околу транспарентноста на стечајните постапки. Оваа работилница е дел од проектот за правна и правосудна имплементација и институционална подршка финансирани од Светската банка.
Улогата на стечајниот управник во стечајната постапка често знае да биде една од најнеблагородните. Стечајните управители се обвинувани за нетранспарентно работење и забавување на стечајните постапки. Оваа работилница не е прва од ваков вид. Вакви работилници во изминатиот период се …