Агенцијата за електронски комуникации го одржа својот прв јавен состанок, согласно одредбите на Законот за електронски комуникации, но зеде и активна улога во организирањето на Меѓународната регулаторна конференција. Оваа тридневна конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски. На неа, беа присутни и претставници од регулаторните тела од повеќе соседни држави, меѓу кои од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, и Турција. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека во иднина тие планираат оваа конференција д…
Едниот пожар избувнал во населбата “Далјан” во колективна станбена зграда на улица Васил Стефоски во близина на хотелот Магнус. Во противпожарната единица бил пријавен во 18.55 минути. Епилог од пожарот е еден опожарен стан на првиот кат. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица и навремената излоциja на станарите од зградата, повредени нема. Пожарот бил за брзо време локализиран и изгаснат благодарение на 8 те пожарникари. Инспекторот за утврдување на причини за пожар при СВР сеуште е на терен со цел да ги утврди причините за наставнувањето на пожарот. Неофицијално…
За еден месец две театарски премиери. Амбициозен старт на Охридскиот тетар, кој функционира во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката на оваа установа, Драгана Боцеска ги најави двете премиери кои во јуни месец, треба да им се случат на Охриѓани. Едната, обработка на класично дело, другата пак тетарска обработка на една доста современа тема.Режисер на претставата „Метаморфози“ е младиот Андреј Цветаноски. Цветаноски информира дека преставата се работи по делото на Овидиј, но како нивна сценска верзија. Сценската драматизација и адаптација е на Даркојан Спасов, сценогр…
Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со шахтите од канализацијата, од кој како што вели Лекоски, се шири реа.Помош во решавањето на проблемот глувонемиот Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член 60 години. .Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е затворен. Со ваквата ситу…
Ова беше пораката на денешната прес конференција на која кандидатот за пратеник, Дејан Блажески со резигнација вели: „Ако младите во светот се идентификуваат според музиката која што ја слушаат, па имате генерации на попот, генерации на рокот, нажалост мојата генерација е генерација на транзицијата.“ Тој додаде дека Либерал демократската партија првенствено ќе се насочи кон отворање на нови работни места за младите.{loadposition content9}
Инцидентот кој се случи вчера попладне околу 14 часот и 45 минути пред пицеријата Американо и натаму ја бранува охридската јавност. Со овој инцидент продолжува негативната серија на настани кои се случија овој месец. Од СВР-Охрид известуваат дека до тепачката дошло кога кон А.В. кој бил пред пицеријата „Американо“ се упатиле Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што во пицеријата влегле с…
Веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата и службите на Локалната самоуправа. Од Унијата на жени највуваат организирање на краван оваа сабота, чие што одржување е во насока на јакнење на меѓуопштинската соработка помеѓу урбаната и руралната жена.Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до О.О. на СДСМ и нивниот кандидат за пратеник Митре Вељаноски. Претседателнка на Унијата на жени од оваа партија од Охрид, Славица Јанкоска ја обвини О.О на СДСМ, за примена на сила и им порача веднаш да престанат со притисоците кои ги вршат врз администрацијата и службите на Ло…
Црвениот крст од Охрид по четврти пат годинава ќе ја спроведе кампањата за реализација на спортско рекреативната хуманитарна акција – „За посреќно детство“. Целта на акцијата е преку учество на различни спортски дисциплини од страна на младите, но и сите останати, да го побудат спортскиот и хуманитарен дух, преку купување на талончиња. Сите кои купиле талонче за само 30 денари, учествуваат во големата нагрдна игра, со преку 100 награди, кои ќе се доделат во втората половина на месец јуни.Акцијата ќе се реализира на 28 мај во 11 часот на потегот од центарот за култура Григор прличев па се до…