Изборите завршија, а градот веднаш под полна пареа продолжува со бројните започнати комунални зафати, потенцира охридскиот градоначалник. Денес, на улицата Никола Карев, во близина на Музичкото училиште, се поставуваше асфалт. Комунални зафати нема само во овој дел од градот, туку активно се работи и во останатите делови и тоа е вообичаена активност пред туристичката сезона, вели првиот човек на Охрид. За нас охриѓани, најважна е туристичката сезона, затоа што градот живее од неа и треба да ја дочекаме што е можно подобро подготвени, кажа Петрески. Тој смета дека не е доволно само да д…
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата), “Питу Гули“, „Марко Нестороск…
На единаесеттие предвремени парламентарни избори, во Охрид, победата неофицијално ја понесе СДСМ, со околу 500 гласови повеке од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Петрески, кој воедно беше и претседател на изборниот штаб на СДСМ, изјави дека ова е уште една победа на СДСМ, но и на Охрид и своевидна казна за ВМРО-ДПМНЕ во овој град.Во 5-та ИЕ, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ, ќе има 9-10 пратеници, што значи дека Александар Николовски и Хари Шокаровски ќе седнат во пратеничките фотељи, а за Анита Кипаризовска Крстевска, е сеуште незивесно. На ниво на држава, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ ќе има 11-13 пратеници …
Во општинските изборни штабови почнаа да се слеваат првите неофицијални резултати од гласањето. Партиите ги систематизираат и излегуваат со информации за тоа каков е соодносот на силите. Податоците се менуваат од минута во минута.Според ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ………5343СДСМ………………..4946ВМРО-НП…………..1023Според ОИШ на СДСМ:СДСМ……………….5775ВМРО-ДПМНЕ……..5523ВМРО-НП…………..1213Според Државна изборна комисија и обработени 322 избирачки места во Македонија од вкупно 2976:Вкупен број на гласачи кои гласале…..36597/ 2,01%Број на важечки гласачки лив…
Според податоците на ОИК (Општинска изборна комисија) во Охрид своето избирачко право го оствариле 32 081 гласач или 58,93% од вкупниот број гласачи евидентирани во единствениот гласачки список.Изборниот ден тече мирно и ОИК досега нема добиено информации за инциденти и нарушувања на изборниот процес.{loadposition content9}
Утрово во 7 часот беа отворени сите 72 избирачки места во општина Охрид. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Според податоците на општинската изборна комисија до 13 часот вкупно гласале 20155 глсачи или 37,02 % од евидентираните избирачи на единствениот избирачки список.
Претеседателката на Општинска Изборна Комисија Ангелина Недеска изјави дека до овој момент не се евидентирани нарушувања на изборниот процес.
Во единствениот избирачки список евидентирани се вкупно 54437 граѓани со право на глас.
Во споредба со предходните избори има промена на некои избирачки места:
– Гл…
Зградата на Охридската гимназија е подигната пред 100-тина години како подарок за охриѓани од Ејуп Сабри-беј. Атрактивниот објект е изграден во европски стил, но за време на едновековното постоење повеќе пати било менувано. Преживеало бурни времиња, повеќе војни и неколку режими. За него се водел долг судски процес и пожар кога пламените јазици го голтнале она што најмногу го красело, потпокривот и неговите обележја двете куполи и убавиот часовник. Историчарот, Професор Д-р Павле Митрески, го истражувал животот на Ејуп Сабри-беј и судбината на објектот. Митрески, вели донаторот …
Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, од 7 ми јуни 2011, во работна посета на Плок, Полска. Тој ќе присуствува на интернационалната конференција на која ќе се дискутира на тема „Оддржливо управување со цврст отпад“. Целта на посетата е признанието кое деновиве го доби ЈП и Локалната самоуправа, во делот на управување со отпад. Создавање модерно претпријатие со подобрување на квалитетот на комуналните услуги е еден од главните мотиви поради кој директорот Алче се избори да влезе меѓу 25 општини од 100 апликанти, од земјите на Централана и Источна Европа.
„Во тој тродневен семина…