Јун 8, 2011

Промоција на мирот и стабилноста во регионот

Промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.Ова беше една од целите на петтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која денес во Охрид ја отвори претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Претседателот Иванов на конференцијата посочи дека ниту една земја не е остров за себе, кој во недоглед може да живее во затворен, изолиран, политички, културен и безбедносен систем. Претседателот потенцира дека за да се грижиме за сопствената безбедност, неопходно е да ја земеме во предвид безбедноста на другите, посебно на нашите соседи….

Јун 8, 2011

Културен, здравствен или каков туризам имаме?

На вратите на Охрид полека пристигнува летната туристичка сезона. Во исчекување на првиот поголем наплив на туристи, постојано се прашуваме дали ланската лоша сезона останала зад нас или пак не чекаат црни сценарија. Не еднаш се говорело за важноста на туризмот за градов, но и општо за државата, но изгледа се помалку луѓе слушаат или сакаат да слушнат. Она што првенствено недостига, а за кое сите се согласуваат е недостигот на државна стратегија за развој на оваа високопрофитабилна гранка. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но мораше да се ревидира поради некои сериозни недостатоци. Сега…

Јун 8, 2011

Цветен Охрид по втор пат

Втор ден, втора година по ред, во рамките на неделата на животната средина, што ја организира Општина Охрид, и денеска голем број Охриѓанија добија жардињери со петунии и импатија, со цел разубавување на нивните балкони. Интересот за акцијата огромен, но за жал и некултурата кај нашите сограѓани. „Покрај тоа што направивме списоци се потрудивме организацијата  да  биде добре, сепак се направи огромен неред“, вели Јасмина Момироска. „ Граѓаните доаѓаат со документи за идентификација лична карта или пасош. На секој кој што дојде му даваме по две жардињери, меѓутоа доаѓаа со повеќе лични кар…

Јун 8, 2011

Охриѓани не го поминаа тестот за екологија

Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта. „ Се знае дека населението, нивната свест се подига почнувајќи од најмладите генерации и токму поради тоа акцијата ја правиме со таа целна група. На овие  локации сите кои сакат да се ослободат од старата хартија може да ја одложат таму и истата ќе биде подигната од купувачот на овој тип на отпад.   Оваа акција се прави и со цел …

Јун 8, 2011

Реакција од кабинетот на градоначалникот : Прскање против комарци ќе има и ќе биде ефикасно

Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изјавата на Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов за годинешното прскање против комарци. -Нека не се грижи Атанаско Михаилов дали Локалната самоуправа ќе спроведе прскање против комарци. Како и минатата година, така и оваа со подобрување на временските прилики ќе се организира прскање против комарци, кое ќе биде ефикасно, а не како што предлага Михаилов, тоа да  се врши во нестабилно време. Тој како лекар би требало да знае дека  по прскањето, ако заврне дожд,  нема да има ефекти и бадијала ќе се потрошат планираните бу…

Јун 7, 2011

Охрид, рај за комарци

Прскањето против комарци на големо доцни. И годинава епизодно се повторува истото сценарио. Локалната чија што надлежност е да го спроведе прскањето против комарци, сеуште преговара како и кој ќе го изведува тоа. Центарот за јавно здравје, установата која е стручна за тоа, не е ниту консултирана, ниту има било какви индиции за соработка, иако се работи за јавно добро на Охрид, а пред се на охриѓани и туристите, вели директорот на оваа установа Атанаско Михаилов. Тој додава, се создава впечаток дека Охрид нема интерес за тоа и оти градоначалникот и Локалната самоуправа не сакаат да се справа…

Јун 7, 2011

Да се градело без исаф

Во Охрид изгледа е важно само да се гради. Последниве десет години, инвеститорите и градежните фирми на големо, на локации низ градов, градат објекти без соодветен пристап или без истите да располагаат со градежно земјиште намемнето за паркирање. Проблем на кој неодамна укажа и командирот на противпожарната териотријална единица од Охрид, Спасе Прентоски. Проблем, потенцира Прентоски, кој во голема мерка им ја отежнува работата, кога секунди одлучуваат во нејзиното успешно извршување. Инаку, Прентоски додаде дека според нормативите кои иако застарени, сеуште се на сила, ако се гради станбе…

Јун 7, 2011

Асфалт или и понатаму ќе голтаме прашина?

Раскопаните тротоари на  Булевар Туристичка  под знак прашалник  дали наскоро ќе бидат асфалтирани. ТВМ за несанирани тротоари информираше пред два месеци. Просторот и по  два изминати месеци не е саниран од завршување на зафатите прекоп од страна на Телеком. Тротоарот и понатака е оставен раскопан и прекриен со прашина и им смета на пешаците. Пред Велигден од Телеком ветија дека троторите ќе бидат санирани најдоцна до Првомајските празници, а  доцнењето го првдаа  бидејќи чекале да проработат асфалтните бази. Ветувањето дадено тогаш  не го одржаа. Од Фондот за комунален равој информираат д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top