Јун 29, 2011

Пречистителните станици не се луксуз

Во Елшани се монтираше првата пречистителна станица на отпадни води. Со имплементација на оваа технологија сопственикот на викендичка реши не само свој  индивидуален  проблем со отпадните води туку  спречува и понатамошното колективно еколошко загадување, истакнува Марија Филева Стоев, застапник од  BWC за TOPOLWATER. Филева Стоев нагласува дека за само шест месеци од почетокот на увоз на пречистителните станици кај нас се повеќе се покажува интерес за нивно вградување. Со тоа се буди совеста кај охриѓани за важноста на екологијата и чистата вода. Биолошката пречистителна станица е уред кој…

Јун 29, 2011

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“, дека на тоа претпри…

Јун 29, 2011

Нема викенд за инспекторите

Градежната инспекција на помош. Таа добива ингеренции во справување со проблемот со прекршителите на законот за поставување урбана опрема. Општинскиот инспекторат најавува ригорозни мерки и високи казни во делот на несоодветно поставување на урбана опрема на угостителските објекти. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека годинава делуваат на сосема поинаков начин согласно новите измени на законот за градба донесени од бившата постава на Владата. Танасоски со новите надлежности и формирање на прекршочната комисија од страна на Локалната самоуправа, убедува дека пр…

Јун 28, 2011

Двојно намалени опасните објекти низ градот

Во Букли сокак утрово „падна“ уште една опасна руинирана куќа на која се жалеа граѓаните. Се сруши по налог на Општинскиот инспекторат. Од таму  постојано го решаваат овој проблем со опасните куќи кои пртеставуваат опасност по животите на минувачите. Од евидентираните 60 –тина руинирани куќи само во последната година се срушени  30-тина, информира за овој проблем раководителот на Општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. На самиот влез кај Горна Порта еден полусрушен објект посебно привлекува внимание, се жалат варошани. Тука подзастануваат и го фотографираат објектот  голем број вчудоневид…

Јун 28, 2011

Охрид-рај место за развој на еко-туризмот

Охридско езеро, чисти, незагадени води, биолошка разновидност. Параметри и услови кои без никаков проблем можат да не одведат до развиен еко-туризам. Поим кој често се експлоатира во секојдневниот говор, но што тој конкретно значи? Еко-туризмот е дел од одржливиот туризам кој нуди еко-дестинации односно туризам во предели кои се одликуваат со посебни карактеристики и е познат по својата едукативна цел. Тој подразбира искачување по планина, параглајдерство, набљудување на птици, фотографирање на интересни предели, но зошто да се избере еко-туризмот пред другите видови? „Сеуште имаме зачуван…

Јун 28, 2011

Старт на турбo туристичката сезона

Веќе сме длабоко во овогодишната летна туристичка сезона. Македонските туристички работници, треба да се справат со сезоната, за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. И додека за македонските туристички потрошувачи и оваа сезона, Грција е дестинацијата од соништата, македонската туристичка понуда повторно останува на маргините од интересот на македонскиот туристички потрошувач. Можеби најголема причина за слабиот интерес кај македонецот, тој да летува во нашите туристички капацитети, претставува високата цена на понудите од страна на туристичко…

Јун 28, 2011

„Мирен сон“ со апел до советниците

Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници. Тие треба да се изјаснат по предлог Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“. Со најновата одлука се предвидува да се  наметне  нова давачка за граѓаните во висина  од 1000 денари по погреб, за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата. Во реакцијата на „Мирен сон“ стои дека граѓаните преку операторите за погребални услиги веќе плаќаат ваков трошок, сп…

Јун 27, 2011

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против. „Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна околу целок…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top