Јул 9, 2011

Културниот туризам перспектива за целиот Балкан

Културен туризам без граници. Можеби сеуште звучи недостижно, но ова е темата на која се дискутираше на денешната средба помеѓу нашиот Факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија. Крајната цел-промовирање на целокупното балканско наследство како еден глобален туристички производ карактеристичен за регионов. Културните рути не познаваат физички и државни граници, тие се движат по линијата на културното наследство. Балканскиот регион изобилува со културно богатство од најразлични периоди, а тоа е богатство со неверојатни сличности меѓу себе. По согледува…

Јул 9, 2011

„Ако по утрото се познава денот“ ќе имаме добро Лето 2011

Од самиот старт на почетокот на летото можеме да очекуваме успешна туристичка сезона доколку се следи максимата „Ако по утрото се познава денот“. Хотелиерите и туристичките работници се задоволни од посетеноста на странските гости и стартот на туристичката сезона, нагласува Зоран Стрезоски директор  на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. Засега со празни кревети останаа приватните станоиздавачи кои претежно се најмуваат од  гости кои се на транзит во Охрид на ден – два. Но, со подобрување на временските услови од викендов се очекува и станоиздавачите да бидат задоволни вели Стрезос…

Јул 9, 2011

Изменет начинот на управување со комуналниот отпад

Прес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери. Со цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени се и флаери. Алче вел…

Јул 8, 2011

Плажата Сараиште останува блокирана од пловните објекти

И покрај известувањето и предупредувањата упатени од страна на Оптинскиот инспекторат од Охрид, до сопствениците на пловните објекти, да ги отстранат своите пловила, овој дел од крајбрежјето неупотреблив за рекреативците. Една од ретките градски плажи во стариот дел на Охрид каде што граѓаните бесплатно можат да уживаат во сонцето и водата, онаа на Сараиште, останува неупотреблива за туристите. Пловните објекти кои речиси преку целата година се оставаат на овој простор и покрај извествувањето од Општинскиот инспекторат за нивно отстранување, сеуште се тука. Три дена откако истече рокот з…

Јул 8, 2011

Академик Блаже Ристовски одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“

Академик, д-р Блаже Ристовски со указ на  претседател на руската федерација  Дмитар Медведев е одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“. Наградата му ја врачи рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шербеченко пред голем број посетители на 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.Ова високо државно одликување се доделува на руски и на странски државјани кои дале особен придонес во уметноста, науката, литературата, образованието и културното наследство. Меѓу истакнатите личности кои ја добиле оваа награда  е македонскиот академик, доктор …

Јул 8, 2011

Охриѓанка среде Турција освои трето место на натпревар во турски јазик

Основното училиште Братство Единство се закити со ново признание. благодарејќи на младата ученичка Зубуш Шемо. Меѓународниот натпревар во турски јазик кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара беше местото на овој поход од кој Зубуш се врати со освоено трето место. Ова е уште еден доказ дека со доволно работа и труд, можат да се постигнат одлични резултати. Младата ученичка беше очигледно возбудена и под импресии на оствареното.Малата Зубуш за да го постигне овој успех напорно работела во текот на целата година и заедно со својот ментор, професорот Рамиз Зекирија, но и сите останат…

Јул 7, 2011

Се кастрат дрва без дозвола

Продолжува атакот на човекот врз природата. Немилосрдно, нестручно и без одобрение се сечат ретките и со закон заштитени дрвја во градов. Тоа се прави бидејќи дрвјата на некои им сметаат на видикот, на други пак им попречуваат во градежните зафати и сл. Сума сумарум личниот интерес на поединци се става во прв план, елиминирајќи го фактот дека уништувањето на градското зеленило остава трајни последици. Деновиве настрадаа неколку борови во стариод дел на градот, кое подрачје важи за строго заштитена зона. Не само што тоа е направено без потребното одобрение кое треба да го издаде надлежна ком…

Јул 7, 2011

Какво Охридско лето да очекуваме годинава?

И покрај фактот што сеуште нема трајно решение за позицијата директор на фестивалот Охридско лето, програмата ќе биде разновидна и ќе ги задоволи вкусовите на пребирливата публика, велат од дирекцијата на Фестивалот. Функцијата вршител на должност неодамна му беше доделена на Илија Мојсоски според кого неговото неодамнешно назначување на оваа функција, воопшто не влијаело на подготвувањето на програмата за овогодинешното Охридско лето. Тој сепак не ни одговори што би се случило доколку во рамките на тој краток период по неговото назначување би морале да менуваат некој дел од програмата. „П…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top