Жителите од зградата – ламела Б – 1, во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување. Покрај ова, истиот го има узурпирано и дворното место од зградата. Проблем повеќе е што во заградениот дел остана и трансформаторот за струја“, вели членот од куќен совет Горан Мицковски.
„За узурпацијата ги имаме известено сите надлежни институции. Според моите сознанија градежниот инспекторат има изготвено соодветни пријави, поточно има донесено реш…
Осум руски тенори ќе пеат за роденденот на „Охридско лето“. Со ексклузивниот гала концерт пред македонската публика ќе се обидат да го оправадаат епитетот „Тенори на 21 век“.Димитар Сибирцев – уметнички раководител вели дека не станува збор за ансамбл, туку за група уметници индивидуалци,кои се обединиле пред пет години, секој со единствени вокални способности, многу слично на некогашниото трио Павароти, Доминго и Карерас.
„Јас сакам да кажам дека ние правиме нешто дури и кога се прават вакви проекти и два тенори на сцена има проблеми, како да има некој двобој, а што да кажиме кога осум те…
14ти Август, Недела, ова е датумот за кој е закажана најголемата спортска манифестација во земјава, Охридскиот пливачки маратон. Се чини реномето на оваа манифестација како да не значи ништо кога доаѓа време за негово организирање, бидејќи речиси секоја година организацијата се соочува со проблеми околу финансирањето на маратонот. Оваа година во организацијата се вклучува и Агенцијата за млади и спорт во обид да се организира достојно издание на Охридскиот маратон. И овој пат, главен виновник за несогласувањата помеѓу техничкиот организатор, клубот „Охридски бранови“, кабинетот на претседат…
Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба.
-Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември поднесуваат непот…
Неофицијално дознаваме дека сопственик на изгорениот глисер е познат приватен бизнисмен од Скопје, и дека истиот ден кога настанала несреќата, пловилото било сервисирано во Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта. Полковник Мирче Ѓоргоски, од Министерството за одбрана, во телефонски разговор не информира дека станува збор за шпекулација, а дека во центарот нема овластено лице кое врши сервис на пловни објекти, и дека доколку сервис на пловилото бил извршен, тоа било направено само приватно и организирано од страна на сопственикот на пловилото. Левиот док на каналот Студенчишта се …
Богата програма и одлични реакции на публиката. Се потроши првата половина од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а првиот човек на фестивалот Илија Мојосовски, презадоволен од она што беше досега реализирано. Доказ за тоа вели Мојсовски е и посетеноста на овие настани. Како и секогаш кога станува збор за манифестација од ваков калибар проблеми, големи и мали и кај нас има, додава тој. Меѓутоа ние, истите ги решаваме во од, брзо и навремено, а со една единствена цел, публиката да не почувствува дека нешто воопшто и се појавило како проблем.
„Мислам дека во досегашниот тек на „Охридс…
Отворениот базен, ставен во употреба. Концесионерите на кои сеуште не им е истечен договорот, неколку години порано се откажаа од базенот и истиот повторно е вратен во владение на општина Охрид, поточно со него управува ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простор – Билјанини извори. „Им благодариме на концесионерите кои предвреме се откажаа од базенините и со тоа ни се укажа можност да распишеме тендер, одбереме изведувач и двата базени да ги ставиме во употреба“, вели градоначалникот Александар Петрески.
„ Се уредува околината затоа што со диската кои беа таму беше искршен…
„Алмико“ од Вевчани, успешни на пазарот на охридско струшкиот регион. Тоа се должи на големиот ентузијазам на сопственикот на „Алмико“, Бошко Јанкоски, кој пред 4 години кога почнал со производство на прехранбени производи бил сигурен дека ќе успее во тоа. Словенската технологија и македонските фирми од каде ги набавува продуктите, исто така се дел од тој успех, бидејќи како што кажа Јанкоски досега работи со исти фирми. Тој вели дека не постои посебна тајна за успехот, треба само да се следат потребите на потрошувачите.
Јанкоски потенцира дека засега се единствени на пазарот кои нудат квли…