Авг 9, 2011

УЈП: Да се пријави издавањето на викендички, соби, скутери

Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријават во Управата. Поради екот на летната сезона, од УЈП ги потсетуваат граѓаните дека пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна п…

Авг 8, 2011

Ќе се гради голем клинички ценатар во Охрид

Градоначалникот Александар Петрески открива дека  повеќе сопственици на болници од Турција предводени од АЦИ Бадем, се видно заинтересирани за инвестиција во Охрид. „На неколкуте средби со инвеститорите Разговаравме и со Министерот за транспорт и врски и со бирото за инвестиции каде работи нашиот сограѓанин Виктор Мизо и заеднички се договоривме во Охрид да се гради клинички ценатр во кој би се вработиле од 200 до 250 лица“, вели градоначалникот. „ Инвестицијата би чинела над 40 милиони евра, локацијата  е веднаш до специјалната болница за оропедија и трауматологија „Св Еразмо“. Стану…

Авг 8, 2011

На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките капацитети видливо е дека хотелските објекти на  ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет претежно со странски туристи,  информира раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.  Годинава на летување на ох…

Авг 8, 2011

„Влегување во песната“ добитник на престижната награда „Живко Чинго“

Расказот „Влегување во песната“ е овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Оваа награда која се доделува за најдобар расказ, годинава се доделува по петти пат по нејзиното возобновување. Жирито како никогаш досега се соочило со дилемата кој да биде носител на наградата „Живко Чинго“. Од вкупно пријавените 67 раскази, 7 не биле земени во предвид бидејќи биле пријавени со име и презиме, но останатите 60 буквално го изнамачиле жирито поради одличниот квалитет кој го нуделе. Во најтесна конкуренција се нашле расказите „Влегување во песната“, „Чубриниот источник“ и „Невина…

Авг 8, 2011

Многу работа и сериозни подоготовки за претстојните локални избори

Атанаско Михаилов, Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека веќе се во тек подготовките за претстојните избори бидејќи, од оваа партија мислат дека на Охрид конечно мора да му се случи политичка промена на локално ниво. Без неа, на Охрид ќе продолжи да му се случува она што му се случува ова лето, а тоа со еден збор кажано е катастрофа, додава Михаилов. Урбаниот хаос, сообраќајниот хаос и хаосот во стариот град се она на кое граѓаните на Охрид најмногу се жалат. Локалната самоуправа и Градоначалникот, ниту можат, ниту умеат, а сега сум сигурен дека ниту сакаат тоа да го направат, поте…

Авг 6, 2011

Охридски мали зелени банани

Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и  палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през  годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани кои исто така поседува…

Авг 6, 2011

Реално шоу – Гладијаторски борби, ќе се снима во Охрид

Спортски спектакл, реално шоу  ќе се снима во Охрид. Во наредните две недели 18 фајтери и 5 капетанки преку гладијаторски борби ќе се трудат да ја освојат главната награда на организаторот од 30 илјади долари. Освен класичните натпревари во кик-бокс меѓу учениците од Соединетите Американски држави, Колумбија, Канада и европските земји, шоуто ќе биде збогатено со дополнителни содржини, како задачи за натпреварувачите. Ќе има трчање по угорнина до селото Велестово, некои натпреварите ќе се  одвиваат на плажата Куба Либре, а дел од натпреварите ќе се одиграат на Античкиот театар, каде ќе има …

Авг 6, 2011

Дали невработените веруваат во Агенцијата за вработување?

Стапката на невработеност во државава се чини држи една константност од околу 33 % . Но често се јавува сомнежот дали всушност тоа е вистинскиот број на невработени лица ако се земе предвид дека голем дел од невработеното население работи на црно. Основната институција која работи во насока на намалување на стапката на невработеност се соочува со големи потешкотии во своето работење. Агенцијата за вработување иако постојано нуди нови и нови проекти во насока на обезбедување работни места за невработените лица, заинтересираноста кај истите е минимална. Можеби работите ќе тргнат од мртва точк…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top