Некогаш поетската манифестација, годинава прераснува во мултимедијално доживување. Дваесет и третото издание на на манифестацијата „Поетската ноќ во Велествово“,се избори за виско место од манфестации од ваков ранг во нашата држава, и слободно може да се каже дека таа го има водечкото место, вели организаторот Славе Ѓорго Димовски. Манифестацијата од минатата година го изгради својот меѓународен карактер. Секоја година кругот го прошируваме,вели Димовски, па така минатата година имавме гости од три земји од странски поети од Сирија,Турција,Србија.
„Оваа година тој круг се шири кон Естонија…
Еден од најкреативните и успешни ансамбли на саксофон во Европа кој се карактеризира со големата стилска разновидност, но и тенденција за стилските миксови – како на епохите, така и на изведувачките манири, квинтетот „Алијаж“ вечерва на Охридско лето.
Основач и лидер на овој состав е единствениот професор по класичен саксофон во Германија – Даниел Готје. „Ние сме Квинтетот „Алијаж“,составен од 4 саксофони и едно пијано.
„Ние сме една многу интернационална група зошто сите петмина сме од различна националност, Даниел Готје е од Канада, пијанистката е од Кореа, а останатите се од германиј…
Трите средни општински училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски.
Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат земјата и постигнув…
Охрид прикажан преку една трансформација и еден метафизички стил. Вака академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ кои веќе шеста година Охрид го одбрале за свој втор дом, им го прикажаа најубавото од градот на сите оние кои ја сакаат и ценат ликовната уметност. Што се однесува до концепцијата на оваа изложба, одбравме многу интригантен и мошне интересен простор кој има свои предизвици и формиравме еден концепт на прикажувањето на слики,графики и цртежи во кој иманентно ќе постои една нишка које ќе обединува атмосферата и историјата доживувањето и она што е ендемско и суштинско за овој прекр…
Комисијата за спроведување на постапка за концесија по овластување на градоначалниците на Охрид и Струга денеска го објави меѓународен повик во дневниот печат. овој повик се куваше скоро една година, откако Советите на општина Охрид и Струга донесоа одлука за отпочнување на постапка за издавање на МЈП Проаква под концесија, поточно на дејноста на ова МЈП под концесија или јавно приватно партнерство. Врз основа на одлуките кои ги донесоа двата совети управниот одбор на МЈП одлучи да ја започне постапката, а градоначалниците донесоа решение со кое беше формирана комисија за спроведување на и…
Спречена нелегална продажба на земјоделски произвиоди од камион. Викендов комуналните инспектори одзедоа лубеници, дињи и други видови земјоделски производи кои се продаваат на јавни површини. Ваквиот начин на продажба кај нас се практикува со години и појавата е карактериатична за сите градови во Македонија вели раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски.
„Како резулата на инспекциската контрола и сообраќајната полиција запленети се 60 тони бостан во 6 камиони “, информира Танасоски.
Сопствениците на одземената роба претходно повеќе пати биле опоменувани, а сега со контрола…
Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и треба да и се направи операција во Русија. Концертот ќе се одржи на плажата Кадмо со почеток во 23 часот. На него ќе настапат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески, Александар Белов, Ивица Велковски, Денис Мурат и други. Овој хуманитарен настан е поддржан од Црвениот крст од Охрид.
{loadposition content9}
Вечерва во центарот на култура Григор Прличев ќе се одржи проекција на филмот „Мирно лето“во режија на Димитрие Османли. Со вечерашното прикажување на филмот ќе се одбележи 50 годишнината од снимањето на единствената македонска комедија од која целото дејствие се одвива во Охрид. Во вечерашната проекција повоздрасната публика ќе се потсети како некогаш изгледале хотелот Палас, Чинарот, Канео, Св. Климент, поточно ќе се присети што е тоа Македонското филмско наследство.
Вечерва на проекција на филмот ќе присуствува и дел од актерската екипа, Љупка Џундева и Мери Бошкова, но и помошник режи…