По пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, отуѓени се две локации во општина Охрид наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“.
“Предмет на јавното наддавање беа градежни парцели со површина од 13.459 м2 и 4.738 м2. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Фибула ер травел“од Скопје која за двете градежни парцели на јавното наддавање понуди највисока цена од вкупно 1.291.987 денари (20.000 евра)“, информираат од Министерството за транспорт и врски. Компанијата е должна во рок од 15 дена од приемот на пи…
Дваесет авиони во еден ден на охридскиот аеродром.
Асоцијацијата на пилоти и сопственици на авиони секоја година организира брзи летови со околу дваесеттина мали авиони, и околу 40-50 патници, до непознати дестинации или речиси непознати.
Така, оваа година овој несекојдневен настан ќе се случи на аеродромите во Тиват, Тирана и Охрид. Ерик Епле член на У.О. на АОПА асоцијацијата истакна дека ова е само почеток, затоа што нивна интенција е членовите, односно пилотите и сопствениците на авиони, да видат некои убави делови од светот кои не се толку познати. Епле пријатно изненаден од дочекот и …
Куќата на Уранија, реконструирана со солидно внатрешно уредување, ги чека своите посетители. Но, од нејзиното предавање на Ману таа стои празна под клуч. По скоро, две години од реконструкција не е ставена во функција. Првичната намера беше таа да биде резиденцијален објект на македонските академици. Се обративме до службата за односи со јавност во Ману барајќи одговор што се случува со објектот и зошто сеуште е празен и во мрак.
Во МАНУ, заради годишните одмори се правдаат дека нема кој да ни одговори зошто Куќата на Уранија стои под клуч. Не добивме одговор кога ќе биде ставена во употр…
Нова дограма, подови, огради, водоводни инсталации и спортски пропратни објекти за неколку основни и средни училишта во градов. Привршуваат големите зафати на уредување, санација и реконструкција на општинските училишта во градов и околината, кои ги спроведува Општина Охрид, со свои средства. Серафим Наумовски, раководител на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, вели дека овие обемни инвестициони зафати се спроведуваат со цел подобрување на условите за работа на учениците.
„Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село Пештани, каде имаме ед…
Детското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература. Мал е бројот на авторите кои сакаат да го стимулираат творештвото за деца, истакнува Цвета Спасикова од Штип, која денес во охридскиот Центар за култура промовираше две нејзини дела, „Химена“ за возрасни и „Миленичиња“ за деца. Покрај „Миленичиња“, автор е и на „Сонот на розата“. Спасикува укажува и на тоа дека во Македонија има и само две списанија за деца, „Чекорче„ и „Росица“. „Одговорна и тешка задача е да ја погодиш темата и се…
Екстремно високите температури никако да ја напуштат земјава. Новиот топлотен бран кој ни доаѓа од Северна Африка причина за се почеста појава на летни вирози и стомачни вируси. Иако не се работи за некои алармантни бројки, сепак лекарите и понатаму апелираат за следење на препораките кои што важат за летниот период. Охриѓани очигледно ги почитуваат. Засега само мал број на пријавени со вакви вирусни заболувања.
„На ниво на државата слушаме дека имало поголем број на случаеви посебно во Скопје. Во Охрид отрприлика последните месеци има собрано статистички етероколит 45 труења од храна, пое…
Прашањето за позицијата директор на Националната установа „Охридско лето“ повторно станува актуелно. По објавениот извештај на Државниот ревизор за работењето на „Охридско лето“, најголема прашина се крена токму околу поставувањето на В.Д директор на оваа Установа. Според Државниот ревизор, Министерството за култура немало право по втор пат да назначи вршител на должност, со што раководењето на „Охридско лето“ било препуштено на лице кое нема статус на директор. На оваа точка од извештајот со забелешка се јавило и Министерството за култура во кое покрај другото се вели: „Цениме дека во Зак…
По завршувањето на вториот уписен рок во трите општински средни училишта сеушта има слободни места.
Во општинското средно училиштре „Св. Климент Охридски“ за гимназиско образование запишани се 3 полуматуранти, додека за стручното образование во економската и здравствената насока пријавени беа 22 ученици, а запишани 19. По првиот и вториот уписен рок во Гимназија остануваат слободни уште 95 места.
Во средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“ за профилите со четиригодишно образование, во вториот уписен рок нема пријавени кандидати, а остануваат слободни над 25 слободни места. За проф…