Двата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните од соседните објекти. …
Обновата на кино бавча не се реализира. И покрај најавите дека од месец јули ова лето охриѓани ќе може да ги следат филмските проекции и концертните случувања на оваа летна сцена, сепак ќе мора да причекаат. Работите околу расчистувањето и уредувањето не се ни започнати. Директорката на центарот за култура Григор Прличев за задоцнетото реновирање има оправдување.
„Спонзорот што тербал да ја расчисти и уреди сцената е презафатен. Ќе почекаме да ги заврши своите започнати работи, па кога ќе има време ќе го заврши и нашиот дел, информира Боцевска. Додава дека е добро што финансиски по…
Се исполнува сонот на општините. По пет години преговарање со владата конечно го добиваат градежното земјиште на териториите на општините. Градоначникот на Охрид Александар Петрески категоричен дека општините многу подобро може да менеџираат со досегашното државно земјиште отколку државата. „Законот со кој општините може да стопанисуваат земјиштето на својата територија стапи на сила од 01.06, но тоа незначи дека од 1 јуни автоматски можевме да го превземеме земјиштето“, вели градоначалникот Петрески.
„ Ние влеговме во тој процес и од пет шест главни услови кои требаше да ги исполниме сите…
До редакцијата на ТВМ, денес стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин. Во него се наведува дека еден од сопствениците синоќа се обидел да разговара со протесната група, но бил дочекан со погрдни навреди, пцовки и сериозни закани.Тој смирено ги посоветувал агресивните лица да си ја бараат правдата на легален начин низ надлежните органи на државата и се повлекол од толпата. Сопствениците на кабарето Џез Ин и покрај законското право за поднесување тужби против лицата потписници на лажните и сериозни клевети и јавното медиумско понижување, нема да покренат никаква постапка засега и ке …
Минатата недела веќе беше актуелизиран овој проблем, по што надлежните екипи успеаа да го откријат и спречат изворот на фекално загадување. Како причина за истекувањето беше наведено дивото приклучување на дождовната канализација од неколку куќи на улица Асном. За овој проблем со апел се јави и градоначалникот Петрески кој им порача на граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина и наместо надиво да се приклучуваат во дождовната канализација, тоа да го направат легално на фекалната. И покрај тоа што беше спречено излевањето на фекалии, по се станува збор или за привремено или за…
30-тина жители од улицата Коста Абраш синоќа после полноќ излегоа на мирен протест. Под полициско обезбедување тие го искажаа своето незадоволство од разуданиот ноќен живот кој го прават посетителите на кабарето „Џез Ин“. Тие се жалат дека 20 години буквално трпат терор од гласната музика, врева, тепачките под нивните прозори. Разочарани велат сега е премината секаква граница на трпеливост.
Со сличен проблем, за кој од синоќа бараат решение соседите на Каберето „Џез ин“, се справуваат и останатите жители од улицата Коста Абраш, кои што имаат домови на потегот кон останатите кафулиња „Кадмо…
Пожарот кој вчера околу 10 часот изутрина ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост е целосно ставен под контрола. Како што ТВМ информираше, во интервенцијата беа вклучени и двата специјални авиони-канадери. Со заедничката интервенција на противпожарните служби, двата авиони и локалното население, пожарот беше ставен под контрола. Шефот на заштита од ЈП „Македонски шуми“, Јовче Цветкоски кој сеуште е на терен, не информираше дека првичните проценки говорат за околу 300 хектари опожарена површина, но бројките сеуште не се потврдени. Цветкоски додаде дека во моментот сеуште се забележу…
Охрид конечно ќе добие марина. Од локалната сметаат дека најдобрата локација за оваа градба е месноста Воска, веднаш до стадионот. Сега засега се разгледуваат проектите, но едно е сигурно, марината ќе се гради, а покрај неа во овој комплекс ќе бидат сместени и сите водени спортови.
„ Планираме марината да ја изградиме веднаш до стадионот. Би влегувала околу 100 метри во езерото во длабочина и би се ширела лево према Канео и Лабино на околу 100, 120 метри во форма на буквата Т,. Поголемиот крак би бил према Охрид односно према Лабино, а помалиот према Струга“, истакна градоначлникот Але…