Елитниот хотелски комплекс со 5 ѕвездички-стимул за хотелиерите, но стимул и за нови вработувања во оваа област. ТА “Фибула Аир Травел“ денес излезе со подетални информации околу условите за добивање на тендерот за изградба на хотелскиот комплекс. Покрај банкарските гаранции, државата од понудувачот барала во рок од една година да достави проект, да ги плати потребните комуналии и да достави барање за градба. Покрај ова, во рок од 3 месеци од завршувањето со градбата, инвеститорот е должен да го брендира изградениот хотел, а изградбата на хотелот не смее да трае повеќе од 6 години од добива…
Приредба за добредојде во О.У. „Григор Прличев“. На почетокот на школската година 1 ви септември, идните првачиња ги добија своите картички за идентитет, првите тетратки и учебници. Првиот школски ден претставува вистинска возбуда за првачињата додека пак за мајките и бабите, гордост. Првиот човек на О.У. „Глигор Прличев“, Сашо Ставрески вели дека првачињата мора да се дочекаат на највисоко ниво, бидејќи денес за нив се отвора посебна страна од нивниот живот.
Годинава и ЈП „Охридски Комуналец“, на стартот на учебната година хортикултурно го уредува дворот на училиштето. Директорот Сашо Алче…
УЗ Воска подготви свечено испраќање на првачињата во училиште. Советот на УЗ 3 „Воска“ размислувајќи што да направи за да ги зближи луѓето од овој дел на Охрид, одлучи да организира забава за најмладите.
„ Се погриживме да има музика, соодветни мали поклони, естрадни ѕвезди. Ѓоко Танески, Наум Петрески, Миланка Новеска, женската пејачка група од пензионерките… баравме од сите етнички заедници да облечат дечиња во својата национална облека. Колку успеавме во тоа незнам, но еве нашата свеченост се поклопи со празникот Бајрам“, вели претседателот на УЗ Воска Илија Магденески.
На прославата…
Училишните екскурзии повеќе нема да се препуштаат на случајности. За реализирање на патувањата надвор од градот од оваа учебна година, училиштата според своите предвидени програми за прв пат мислење ќе бараат од повеќе органи. Меѓу нив се и градските советници, ова е предвидено со новиот Правилник од министерството за образование. Комисијата за општествени дејности деновиве даде зелено светло по барањето мислење за изведување на ексурзии за две основни училишта, за „Григор Прличев“ и за „Св.Наум Охридски“ од Пештани, вели Јоне Станкоски претседателот на оваа Комисија.
„Станкоски пој…
Маратонска и мачна 38 – ма седница на Советот на Општината. Уште на самиот нејзин старт, советниците од редовите на ВМРО народна, истата ја напуштија: Објаснување, знак на протест поради деградацијата на највисокотот тело Советот, од страна на општинската админстрација со тоа што советниците не биле информирани за ниту еден културен настан кој под нејзин патрон бил организиран, ниту за посетата на странските делегации на општината. Побараа канцеларијата на Претседателот на советот да биде нон-стоп отворена, како и отворање на канцеларија за советници. Градоначалникот обвинувањата ги отфрли …
Граѓаните на Охрид ќе плаќаат помалку за ископ и закоп. На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците дадоа зелено светло на Предлог – одлуката за давање согласност за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Погребни услуги“. В. Д. директорот Мите Здравески во врска намалувањето на цената за оваа услуга, рече дека претпријатието преферира да ги штити интересите на граѓаните посебно во овие моменти кога се соочуваме со тешка економска криза. Тој додаде, дека простор за намалување на цените постои и поради тоа што …
„Македонија е мала држава по население и територија, но голема во светот на Лајонизмот“, вели актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Др.Сашо Василевски. Реализацијата на над 400-те проекти на ниво на клубовите во Македонија, меѓу кои како еден од поамбициозните може да се издвои организацијата на летниот камп за деца заболени од Дијабетис тип 1, потоа проектот Засади ја својата иднина, проект кој го започнаа лајонистите од Скопје, проект прифатен од државата проект чија реализација сега заеднички продолжува. Овие проекти на македонските лајности им донесоа и едно големо признание.
„Овгодинешн…
Жителите на улицата „Богомилска“ веќе три дена и покрај пријавениот дефект во „Нискоградба“, не ја добиле бараната интервенција. Поради пукната цевка, постојано тече вода долж улицата. Еден граѓанин кој живее во близина на дефектот ни се пожали дека водата веќе почнала да ја нагризува и фасадата на неговата куќа. Тој вели: „Крајно време е да се интервенира. Дефектот е уредно пријавен во „Нискоградба“ веќе три дена, а екипи сеуште не дошле да го санираат дефектот.“ Стапивме во контакт со надлежните служби во ЈП „Нискоградба“. Тие ни кажаа дека немаат информации за таков дефект, но дека ќе от…