Со селекција од својата победничка фестивалска програма на последното 12 то издание, Планинскиот Филмски Фестивал Ехо ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија. Во Охрид во соработка со Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12 организирана е дводневна филмска програма и 4 презентации.
На 10 и 11ти Ноември, 18:00 – 22:00 часот во просториите на центарот на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, сите љубители на планинскиот филм, се поканети на д…
Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”.
Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид инеговата околина. ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден понеделник17.08.2020 од 6 часот наутро до 15 часот,регионалниот пат P1208 –делница: Охрид –Струга(стариот пат) ќе биде затворен за сообраќај во двата правци,а сообраќајот пренасочен.
Изработка на византиски мозаици, креативни работилници за сликарство, книговез, изработка на уникатна лампа, филигран, дрворез, тајните за производство на најскапиот зачин во светот- шафранот, потрага по тартуфи, традиционална и здрава храна и пијалоци, сучење комати, плетење кошници, изработка на самари, планинарење, едрење, кајакарење и потрагата по скриени плажи. Сето ова на туристите им го нуди букинг платформата Genuine Experiences при што тие не се пасивни набљудувачи туку дирекни учесници, патувачи , откривачи и авантуристи. Идеата и реализацијата е на стружанката Јасминка Поповск…
Во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 38
-Тетово 20
-Куманово 19
-Гостивар 13
-Штип 10
-Струга 9
-Кичево 8
-Свети Николе 5
-Прилеп 4
-Охрид 4
-Кочани 4
-Кавадарци 4
-Велес 3
-Демир Хисар 3
-Струмица 2
-Македонски Брод 2
-Пехчево 2
-Берово 2
-Виница 2
-Делчево 1
-Неготино 1
-Пробиштип 1-Дебар 1
-Битола 1
-Валандово 1
Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регис…
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-29, Струга-18, Кичево-29, Дебар-13).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самосто?но, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.
Во тек се интензивни градежни активности од последната фаза за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“. Започна и поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, а според планираното, утре се очекува да заврши комплетното асфалтирање на улицата.
Претходно, работните екипи на терен, беа ангажирани за уредување на тротоарите со бехатон плочки и нови рабници. Вредноста на проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е 12.952.424 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во …
Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности.
-На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен на публиката зашто бе…
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“.
Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат напишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење. Конкурсот е отворен до 1 мај годинава, а творбите треба да се испратат на е-маил: vbbitola@gmail.com
Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани. Комисијата ќе направи с…