Сеп 22, 2011

Охрид домаќин на најголемиот самит на прехранбената индустрија во светот

Првиот Светски конгрес за хигиенско инжинерство, и дизајн во Охрид. На овој научен самит, ќе бидат третирани теми кои се однесуваат на хигиенскиот дизајн и инжинерство како и проблематики кои се однесуваат на квалитетот, безбедноста, производството, и преработката на храна. Проф. Д-р Владимир Какуринов-претседател на Македонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инжинерство и дизајн, истакна дека нашата земја е далеку понапред од земјите на поранешна Југославија, како и од нашиот јужен сосед, Бугарија и Албанија, а и од земји членки на ЕУ како една Унгарија, Чешка, Сл…

Сеп 21, 2011

Дали образованиот процес, ги грбави нашите ученици?

Целата училишна опрема која еден ученик во четврто одделение ја носи на својот грб, тежи повеќе од пет  килограми. Кај основците само учебниците и тетратките тежат по околу 2кг, а дополнителни два-три килограми – работните тетратки, училишниот прибор и ранецот. Што значи дека десетгодишен ученик на својот грб носи повеќе од една петтина од својата телесна тежина. Кога на овој податок уште ќе ги додадеме и неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и слабата исхрана се соочуваме с…

Сеп 21, 2011

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот комплекс на Охридск…

Сеп 20, 2011

Лажни бисери

Изработката на Охридскиот бисер од далечната 1924 година па до денес останува најчувана охридска тајна. Не само вештината во изработување туку и убавината на вистинскиот охридски бисер досега успеал да воодушеви илјадници луѓе од целиот свет. Несомнено квалитетот умее да привлече најмногу внимание, но не само најмногу туку и најдалеку. Дури и далечната Австралија дозна за Охридскиот бисер и стави прекрасен крај на романтичната приказна за двајца вљубени. Среќниот свекор тргна на далечен пат.„Просто не можев да поверувам дека човек кој ќе го жени својот син, кој живее и печали во Австралија,…

Сеп 20, 2011

Турската етничка заедница незадоволна од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор

НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби. На панелот учествуваа бројни политичари, министри и  еминентни стручни лица кои партиципирале во досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор ама не беа присутни преставници од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и од актуелната власт, вели Максут Али претседател на НВО „Карабеј махале“. „Во претходниот 10 годишен период иако има почетоци на спроведување на Охридскиот рамковен договор Турците не …

Сеп 19, 2011

Разврска на судскиот процес за глисерската несреќа сеуште нема

За следното рочиште, адвокатите на оштетените најавија користење на механизмот присилно приведување на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност. Уште едно одлагање на главниот судски претрес за глисерската несреќа која пред две години се случи во водите на Охридското Езеро. И повторно, и на ова судско рочиште, не се појави обвинетиот Кристијан Шапкар, како и оштетената и сведок Ивана Шапкар. Адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан не знаеше да објасни од кои причини и двете лица не се присутни на денешниот главен судски претрес. Од судот информација дека обвинетиот не ја примил покан…

Сеп 19, 2011

Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија

Жителите на селото Глобочица, сместено  на брегот на Глобочичкото вештачко езеро, поставија темел  на црква посветена на Пророкот Св. Илија. Новата црква ќе биде лоцирана веднаш на самиот брег во близина на некогашната.  Со овој православен храм Глобочичани  продолжуваат да ја негуваат традицијата на прославување на селската слава Св. Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим.  Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква  остана под водите на езерото, а ние сакаме …

Сеп 19, 2011

Петрески чека извинување од ФК Охрид 2004

Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи. Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде се видело во светов,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top