Окт 11, 2011

Македонија слави 70 години НОВ

Република Македонија денес го прославува можеби најзначајниот датум од својата историја, 11 Октомври, денот на кој пред 70 години нашите дедовци и прадедовци организирано се спротиставија на фашистичкиот окупатор. Сега, 70 години подоцна, прославата започнува со партиски препукувања околу тоа кој е поголем патриот во земјава, сега, 70 години подоцна, овој државен празник иако неработен ден се прославува работно. Се чини како полека да избледува она што никогаш не смее да избледи, историјата на еден огорчен народ.За помладата генерација која сеуште не го допрела учебникот по историја, 11 Окт…

Окт 11, 2011

Некомплетни педагошки служби во училиштата

Гимназијата со економски паралелки „Св. Климент Охридски“ и електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ имаат вработено по едно стручно лице. Најпокриено со кадар е основното училиште „Св. Климент Охридски“ со комплетна служба, а останатите училишта имаат по еден психолог или педагог. Основните училишта „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ ги делат педагогот и психологот по пола работно време, вели Наумоска. Покрај педагогот и психологот законодавецот предвидел вработување и на социолог. Педагошките служби ќе покриваат група од  минимум 20 родители чии деца имаат проблематично однес…

Окт 11, 2011

Најдобрите извидници од Македонија, во Охрид

Најдобрите извидници ги покажаа своите знаења и вештини. Во периодот од 08 до 11.10. 2011, Сојузот на извидници на Македонија во Охрид, го одржа својот седумнаесетти Републички извиднички ориентационен натпревар (Р.И.О.Н.).Победници беа сите, но најдобри се само неколку. Тие задоволството од признанието за постигнатите вештини и знаења, тешко можеа да го сокријат.„Во генерален пласман го освоивме првото место, и ова ни е трета година како го оссвојуваме пехарот, и се надевам дека и наредните години ќе го освојуваме, за да остане засекогаш во нашиот одред, изјави најдобрата во женска конкуре…

Окт 11, 2011

Стопиран Пописот 2011

Државните инструктори за овој прекин разбрале утрово преку СМС порака. Синоќа сите членови на ДПК поднесоа неотповиклива оставка и ги повикаа сите учесници во Пописот 2011 да ги сопрат сите активности.Замрзнат е процесот на Пописот 2011 год. На само три дена пред законски утврдениот рок за завршување на попишувањето, членовите на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива колективна оставка до Владата. Се чека реакција од Власта. И додека Власта излезе со став граѓаните на Охрид со поделени ставови околу спроведувањето на пописната постапка. Едни сметаат дека конците ги држи актуелна…

Окт 10, 2011

Од утре помал ДДВ за хотелиерите

Стапува на сила даночното олеснување за хотелиерите. Тие од сега наместо 18 ќе плаќаат 5 % данок на додадена вредност. Оваа владина мерка со која ќе стимулира развојот на туризмот, е огромно олеснување за нас“, вели менаџерот на хотелот Силекс Тодор Чочороски. „ Од голема помош ќе биде за нас бидејќи ќе овозможи едноставно ние како креатори на ценовната политика, малку од малку да имаме поголема слобода во креирањето на цените, бидејќи сметам дека 18% предизвикуваше само едно партнерство со државата. Ние хотелите работевме, но рамноправно со државата. Сега ќе има поголема релаксираност во…

Окт 10, 2011

Патот на јагулата, врзивна приказна за Дримскиот басен

Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски. „После презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна позиција и една прекрасна…

Окт 10, 2011

Спротиставени мислења околу текот на пописот на населението

Десетти ден од најголемата статистичка операција во земјава, пописот на населението и домаќинствата во Република Македонија. Ред се редат обвинувањата пред се на сметка на Државната пописна комисија. По скандалот во кој припадниците на заедницата на еѓипјаните тврдеа дека не им се дозволува да работат на терен, сега уште една реакција стигнува од претставниците на Балканскиот политички форум. Тие пред се реагираат на големиот број непополнети места на попишувачи од албанската заедница. Директорот на регионалниот огранок на Балканскиот политички форум, Есад Аслани, вели: „Доколку навреме се…

Окт 10, 2011

Свечено одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на НOАВМ

Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со победа на фашизмот и се …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top