Мар 14, 2012

Велгоштани на протест

Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот на МЗ Велгошти, Ди…

Мар 14, 2012

Охриѓани совесни плаќачи на данок на имот

Охрид, на трето место по наплата на данок на имот  веднаш  по општините Центар и Битола. Во општинската каса има зголемен приход од данокот на имот. Минатата година, од охриѓани и граѓаните кои имаат имот во Охрид, биле инкасирани во Локалната самоуправа 49 милиони денари. На контото завршиле 5 милиони денари повеќе од планираните 44 милиони денари вели раководителот на одделението за даноци, Иван Бандилова Несторовска. За само 5 години, од кога ова одделение ја презело обврската за наплата на данокот на имот од УЈП, приходот по овој основ се зголемил за 3 пати. Во  2006 година биле наплате…

Мар 14, 2012

Велигденски турнир мал фудбал 2012

„Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл.„Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не само од Охрид, очекуваме …

Мар 13, 2012

Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите

Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто се вклучиле во проектот….

Мар 13, 2012

„Нискоградба“ остана со кратки ракави

Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“.„Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП Проаква и да се дадат на …

Мар 13, 2012

Нов шок за македонскиот семеен буџет

Граѓаните во шок. Последниот удар кој на нивниот семеен буџет им го нанесе Регулаторната комисија со одлуката за уште едно зголемување на цените на нафтените деривати, крајно ги револтира. Трпи нивниот семеен буџет, трпат нивните бизниси, очајни се граѓаните.„За мене лично, права катастрофа, за сол не можам да заработам, а камо ли за леб, не ме удира само мене, ги удира сите во општеството и ако може да поефтини, а не да поскапи, зошто за сол нема да извадам“ се жалат граѓаните. Па работиме со градежништво, имаме три-четири возила, безин трошам по 500-600 евра месечно и повеќе“ се жалат тие…

Мар 13, 2012

Елизабета Јанкуловска избрана за директор на НУ Фестивал „Охридско лето“

За директор на „Охридско лето“ е избрана Елизабета Јанкуловска, досегашната советничка за недвижно културно наследство на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција. Програмата на кандидатот е конципирана во неколку дела кои детално се објаснети поед…

Мар 12, 2012

Како студираат нашите студенти?

Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот за туризам и угост…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top