Мар 20, 2012

Кој прв ќе го изгради новиот градски пазар?

Нови обвинувања на адреса на градоначалникот Петрески и локалната самоуправа. Овој пат, наместо од партиската говорница, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се обратија од пред градскиот пазар. Тема им беше токму охридскиот пазар за кој велат дека не е ниту нов, ниту модерен. Ги обвинија Петрески и локалната дека неколку наврати ги излажале граѓаните на Охрид, ветувајќи им нов и модерен пазар.„Ова место позади нас е едно од најнесредените места кои што ги има градот Охрид. Градот Охрид ваков пазар не заслужува. 2009та година ја кажаа повторно истата лага. Пак кажаа дека 2009та година Охрид ќе добие нов…

Мар 20, 2012

Протест во Ј.П. „Нискоградба“

Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата.„Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како ќе го вратиш тоа после н…

Мар 19, 2012

Локалната должи пари за училишниот превоз

Локалната самоуправа должи пари за транспортната услуга на училишниот превоз. Парите кои за оваа намена ги добиваат како блок дотации од ресорното министерство не се доволни за да ги подмират давачките кон превозниците. Јован Мирчески, сопственик на Пупе компани, една од осумте избрани транспортни компании за училишен превоз, потврдува дека општината за превоз на учениците во основните и средните училишта само на неговата компанија и должи околу 9 милиони денари. Сериозноста на овој проблем ја потврдува и советникот за образование Серафим Наумоски. Тој вели дека средствата кои сега ги добив…

Мар 19, 2012

Два пожари за два дена

Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува.A во вчерашниот пожар кој избувна во близина на …

Мар 19, 2012

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска.Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија, целта на проектот „Развој …

Мар 19, 2012

Истекува рокот за пререгистрација на невработените лица!

Се ситнат деновите од месец Март, а пререгистрацијата на невработените оди бавно. Од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во неколку наврати апелираа оваа пререгистрација да се изврши што е можно побрзо, меѓутоа заинтересираноста засега мала. Дали поради неажурност или неинформираност, од приближно 5.700те невработени лица осигурени на товар на Министерството за здравство, досега во Охрид се пријавиле нешто помалку од половина. Оние малку невработени лица кои ги затекнавме пред подрачното одделение на Фондот, ги запрашавме дали се запознаени со оваа проблематика.„Да, зн…

Мар 19, 2012

Охридското семејство Шахови

Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец кој во Бугарија в…

Мар 17, 2012

Зафат на око, достапен за сите

Операциите на очи кои до пред некоја година се изведуваа во странство, денес се вршат кај нас. Поликлиниката „Систина Офталмологија“, денес може да се пофали дека работи со добро обучен тим на хирурзи посебно за оперативните зафати од посериозен карактер, вели д-р Виолета Бучкоска Николоска. Додава дека во интерес на пациентите имаат добра соработка со Фондот за здравство. „Тоа се однесува најчесто за компликација во очите која што настанува кај шеќерната болест, односно пролиферативната дијабетична ретинопатија, исто така и јаблациите односно одлепувањето на мрежницата. Морам да кажам во и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top