Апр 10, 2012

Подготвителни часови за матурантите по англиски јазик во Црвен крст

Во рамките на своите едукативни активности, а со цел да ја олесни подготовката и полагањето на матурските испити, општинскиот Црвен крст за матурантите од Охрид организира обука и подготвителни часови за матурски испит по англиски јазик. Часовите ќе се реализираат во просториите на Црвениот крст, а ќе ги води Мр. Зора Бушовска.Заинтересираните матуранти, за подетални информации ќе можат да ја проследат презентацијата на програмата за подготвителните часови која ќе се одржи утре, среда, со почеток во 20 часот во просториите на Црвен крст Охрид. {loadposition content9}

Апр 9, 2012

Љубезен персонал за љубезни гости

Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот.„Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше и мислам дека би било в…

Апр 9, 2012

Законот за јавни службеници ги раскара синдикалците во ОУ „Григор Прличев“

Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува претседателот на Ре…

Апр 9, 2012

Екс концесионерите на плажите бараат продолжување на договорите

Дел од поранешните закупци на охридските плажи реагираат дека конкурсот кој го распиша министерството за транспорт и врски не е фер и велат дека доколку не се промени нешто ќе го бојкотираат истиот. Категорични се дека уште од 2007 год, кога ги зедоа плажите под концесија, се соочија со неизградено земјиште, по што биле приморани да вложат многу за да го доуредат, со што самите си ја кренале цената на закупената плажа. Современи туш кабини, тоалети, платформи, лежалки, секојдневно чистење од смет, се дел од трошоците за кои концесионерите тврдат дека сеуште не им е вратена инвестицијата.   …

Апр 9, 2012

Бучавост, девастација на зелениот појас и сообраќаен метеж

Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат. Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното градско подрачје,…

Апр 7, 2012

Охридските сувенири и понатака ќе доаѓаат од Кина

 Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили. Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на занатечиите, Сашо Богоески, уште …

Апр 7, 2012

Кој да ја слушне маката на Митреви?

Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот ми вети уште пред две годи…

Апр 7, 2012

Нема плажа без гњаважа

Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор.Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура.Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се наоѓаат на салдо нула, а и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top