Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски. „Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата прегратка докажа д…
Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата која ги разгледуваше …
Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот од Советот на родители…
На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк музика.
Патчев, додав…
Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа како треба да се…
Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило.„Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме за уредување во пре…
Безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач денеска претпладне во атарот на селото Рамне. Станува збор за тело на маж на возраст од 70-тина години. На местото на настанот на увид излезе екипа на СВР во присуство на овластени судски и медицински лица. Од СВР информираат дека на телото не биле пронајдени траги на насилство и додаваат дека според првите сознанија од увидот станува збор за природна смрт, што ќе биде потврдено по обдукцијата која ќе биде дополнително извршена.
Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници како и за изреку…