Апр 30, 2012

Бесни деца искршени реквизити

Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на …

Апр 30, 2012

Oдлoжено судското рочиште за глисерската несреќа

Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа во која пред речиси три години животот го загуби Ирина Романова Муцунски. На денешниот претрес, во судницата не се појави бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.Таа заедно со јавниот обвинител Наум Паноски, на последниот претрес побараа ново вештачење, со кое треба точно да се утврди кога Кристијан Шапкар консумирал алкохол, дали пред или после несреќата. Паноски тогаш потенцира дека истото треба да биде спроведено од страна на  Инситутот за судска медицина при Медицинскиот факултет од Скопје. Шт…

Апр 30, 2012

Портокалово, портокалово и пак портокалово

Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман.„Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник овде со пијалак за сите…

Апр 28, 2012

Првомајската скара може да ве чини плус 50 евра

Меѓународниот ден на трудот – Први мај се наближува. Се кројат планови кој каде ќе оди и каква скара ќе направи. Оваа традиција е многу убава, но може и скапо да ве чини. Од општинскиот инспекторат апелираат да се зачува комуналниот ред на излетничките места и граѓаните да ги почитуваат воспоставените забрани за палење на оган и приготвување на скара на отворените површини. Доколку не го сторат тоа можат да заработат казна од 50 евра. Минатата година за првомајските празници биле напишани 50-тина казни само по основ палење оган на недозволено место. Охриѓани и покрај високите глоби тешко се…

Апр 28, 2012

Ниту турски, ниту грчки, туку oхридски варен ѓеврек

Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија.„За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен ѓеврек.“„Најпознат е варе…

Апр 28, 2012

Со размена на искуства до подобри резултати во педијатријата

Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија. Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство да се работи со најмла…

Апр 28, 2012

Кафето може скапо да ве чини

Времето затопли и нормално е луѓето да го искористат тоа за да излезат од дома. Кафулината преполни, а улиците, уличките затка од коли. Еден таков хаос од возила се создава на дел од улицата Коста Абраш. А само на неколку метри, помеѓу двете рампи кај градскиот плоштад има огромен паркинг. Граѓаните кои што живеат во тој дел од градот и секојдневно минуваат од тука, реагираат и во континуитет укажуваат дека надлежните треба сериозно да пристапат кон надминување на проблемот. И од СВР Охрид признаваат дека на оваа улица постои сериозен проблем а со самото тоа и тие имаат полни раце работа. П…

Апр 27, 2012

Веќе видено сценарио или случајност

Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите на Европската унија е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top