Во текот на изминатото деноноќие (30/31.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 321 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Во рамки на проектот Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, во понеделник, 31 август, ќе почне чистењето на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга.
Оваа активност е неопходна за справувањето со загадувањето на Охридското Езеро што во последните неколку децении го предизвикува реката Сатеска со носење на наноси кои се штетни за езерото.
Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото, ќе се зголеми капаци…
Стандардот на граѓаните е во ризик по последното покачување на цената на електричната енергија од 7,5 посто, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на работодавачи. Во услови на пандемија и кога голем број комапнии работат со загуби, а е намалена потрошувачката , зголеувањето на цените ќе падне врз грбот на граѓаните, вели Бошков. Граѓаните секојдневно се во исчекување дали ќе има лавина од поскапувања на производите и услугите.
„Во овој момент на граѓаните и општеството им е важен секој денар. Сакале да прифатиме или не, дали да шпекулираме дали е големо или не покачувањето…
Професионални атлетичари, рекреативци и љубители на спортот од нашата држава и од регионот, ќе бидат дел од четвртото издание на спортскиот атлетски настан „Охрид Трчат”, кој викендов ќе се одржува во Охрид.
Организатор на оваа тридневна спортска манифестација е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“ со поддршка на Општина Охрид. Целокупната програма, условите и прописите на трките ќе бидат во согласност со сите утврдени мерки и протоколи за превенција од вирусот „КОВИД 19“.
Според програмата, предвидени се две трки, кои ќе се одржат во недела на 30-ти август. Покрај трката од 5 километри, оваа го…
Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.
Претходно во училиштето беше замената старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на дограмата.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните празници Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј ќе чиноначалствува и тоа:
1. На 28 август 2020 год. во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
2. На 29 август 2020 година, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во манастирот св.Климент и Пантелејмон – Плаошник
3. На 30 ав…
Кирил Пецаков утре застанува на чело на Општина Охрид. Пецаков го добива уверението за легитимно избран градоначалник на општината и се очекува утре да има примопредавање на функцијата.
Д-р Пецаков доаѓа на местото на д-р Константин Геогиески, кој беше избран на вонредни градоначалнички избори и имаше мандат од 2,5 години.
Ќе биде конституиран и новиот Совет на општината, за што веќе е обезбедено мнозинство на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството ќе го сочинуваат избраните советници на ВМРО ДПМНЕ, Левица и независната листа „Охрид пред се“.
Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМСе во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”.
Филмот е во режија на ЕлеонораВениноваи е поддржан од страна на Агенцијата за филмна Република Северна Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден недела 30.08.2020 од 7 часот наутро до 18часот попладне,плажата Лабино ќе биде затвореназа посетители.