Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот.„ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана фирма којашто има лиценца…
Секој понеделник бесплатен превоз до градот бараат пензионерите од селските населби од околината на Охрид и од Дебрца. Сакаат бенефиција како и скопските колеги кои веќе една година, еднаш во неделата користат бесплатен градски превоз. Повеќето пензионери од руралните средини од Охрид и Дебрца се со ниски пензии и имаат реална потреба еднаш неделно да дојдат во градот на пазар, на доктор или да купат лекови. Во селата во Дебрца, како и во охридските, нема амбуланти и аптеки, а повеќето жители во своите средини купуваат само основни животни продукти. Од Здружението веќе покренале иницијатива…
И на Општина Охрид и се смее златната кокошка, наречена неизградено државно градежно земјиште. Се поголем е бројот на општините од државава кои ќе се офајдат од оваа одлука на Владата, а тука некаде е и Охрид.Владата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Што се однесува до општина Охрид, постапката се наоѓа во финалната фаза.Локалната самоуправа од Охрид, уште пред неколку месец…
Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење.
Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на државата. Државниот инсп…
Богатата историја си го прави своето. Охрид, културниот и световниот балкански Ерусалим, изобилува со споменици почнувајќи од словенскиот период, па се до НОБ. Просветители, писатели, преродбеници и револуционери, добар дел од важните историски личности добиле свој монумент кој говори за нивното значење. Сепак се поставува прашањето колку внимание се посветува на нивното одржување. Охриѓани со поделени мислења.„Сметам дека доволно се посветува внимание. Прилично добро. Заинтересирани се поголем број на институции, поединци. Во Охридов посебно е прилично добро.“
„Не баш толку, нема толку ин…
Двојно повеќе шалтери во Катастар , за барем се надеваме, двојно побрза работа. Охридското подрачно одделение за катастар на недвижности денес ги промовираше новите работни простории. Покрај трите стари, сега и три нови шалтери во Катастар. Со пуштањето на реновираните простории во употреба, подрачното одделение во Охрид добива една репрезентативна шалтерска сала-вели портпаролот на Агенцијата за катастар на недвижности, Валентина Христова-Стефановска.
Заедно со новите шалтери, во Охрид започна со работа и електронскиот катастар кој треба да ја олесни работата и на вработените, но посебно н…
Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки.„Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на основоположникот на Црвен…
Обично не ни помислуваме на нив во остатокот од годината, но штом се приближи летото е дури тогаш јавните градски чешми стануваат поинтересни. Со порастот на температурите, жедта настапува многу побрзо, па се што сакате е само да се напиете од ладната течност која живот значи. Ама каде? Можеби ќе ја побарате најблиската јавна чешма. Кога ќе стигнете таму, што гледате? Редица луѓе од тука па до Струга. Ете ваквите сцени не натераа да се запрашаме дали имаме доволно јавни чешми низ градов. Еве што Охриѓани мислат за тоа.„Многу бедно, многу малку чешми. Овој народ па и туристи кога има и сите …