Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина, неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група. Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид.
„Ова е врвот на нарушувањето на демократскиот капац…
Македонски езерски келнер, македонска пансионска газдарица, македонски алфа мажјак, ова се некои од насловите на неколкуте владини спотови кои деновиве ја брануваат целокупната јавност, а особено охридската. Владината кампања ,,Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме “ го налути и првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески.
Тој остро ги осуди овие спотови со кои, како што вели , се валка честа и достоинството на сите македонски граѓани и побара итно запирање на емитувањето на спотовите. Тој вели туристите секогаш се воодушевувале од убавините, чистотата и г…
Прв состанок на Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен ,меѓу 5-те земји , со кој Групата стана официјално тело со преставници од сите земји. Ова е прва средба на која се донесоа значајни одлуки како што се акциониот план до 2014 год., но и се прецизираше што се се прави за да се подобри соработката помеѓу земјите. Присутните на работниот состанок дискутираа и за тоа како да се решаваат проблемите најмногу во делот од справува…
„За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото а при тоа не се води ни…
Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација.
„Слојот од сил…
Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот.Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката.Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални и трилатерални прое…
Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192.
„Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите родители. За жал ва…
Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот Охрид, тогаш јасно…