Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку.„Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени, социјална помош н…
Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто не се сложуваат со одлуката езерото да има кон…
Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат во топлото јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти. Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените ќе функционираат три п…
Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак.„Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби. Фирмите се интересираат за с…
Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите по завршувањето на пр…
Фрчат пријави против загадувачите на езерото. Со несовесните загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера имал полни раце работа. Напишал 38 записници и издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина. Тие најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со прегорено масло од ресторанските куј…
Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции?
„Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен одговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.
Спротивно на овие обвину…
Веќе една година низ цевките на водововот не протекала ни капка вода и тоа не само за пиење туку ни техничка вода.
„Со решение на министерството за здравство добивме решение дека бунарот кој го имаме за користење на водата, е комплетно неисправен и таа вода несмее да влезе во системот за водоснабдување и покрај тоа што жителите ја користеа како техничка вода“, открива советникот и жител на Горно Лакочереј, Климе Тренески.
„Во меѓувреме прегоре пумпата така да во системот во Горно Лакочереј нема ни капка вода и предложив да се прогласи елементарна непогода за Лакочереј да се снабди со вода з…