Авг 6, 2012

Мешаните патроли „ѕирнаа“ во ноќниот живот на младите

Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што  го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време.„Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и на владини, и на невладини…

Авг 4, 2012

Атрактивните Перпетуум Џезиле за роденденот на Охридско лето

52от роденден на нашиот најреномиран фестивал, Охридско лето, со изненадување за публиката. На овој посебен ден, свој настап ќе има словенечката музичка атракција Перпетуум Џезиле. Педесетината вокали на овој хорски состав умеат да забавуваат со композиции кои варираат од класика, преку џез, свинг па се до фанк и поп музика. Со ова публиката добива гаранција дека сите вкусови ќе бидат задоволени.„Ние сме познати по разноличниот репертоар. Па и денес нема да направиме исклучок. Секако имаме и неколку изненадувања за вас.“-рече вокалот Сандра Фекетија, Перпетуум Џезиле.Менаџерот и претседател…

Авг 4, 2012

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој.„Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем ние имаме доставено и п…

Авг 4, 2012

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.  „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје и  Битола  и имаат пог…

Авг 3, 2012

Слатки маки за охридските градинки

Иако од година во година, наталитетот во Македонија белeжи тренд на опаѓање, а се намалува и бројот на запишените ученици во средните училишта, сепак бројот на заинтересираните родители за упис на своите деца во градинките од година во година е се поголем, вели  Марина Петроска-Тодороска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид. „Ние имаме слатки пробелми бидејќи актуелно е дека наталитетот се намалува, бројот на децата пак кои сакаат да се во нашата установа се зголемува и сме размислувале во таа насока значи потребно ни е да се прошрат просторните можности“ информира Марина Тодоро…

Авг 3, 2012

Од концерти право на интерно

Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист интернист при Општата болница, в…

Авг 3, 2012

Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август

Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август.  Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот  Владимир Василески – Четкар.„Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата. И за него беше огромна чес…

Авг 3, 2012

Отворен елитниот објект на АДОРА Инженеринг

Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг. „Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди на станарите квалитетен ек…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top